Премиерот Никола Груевски е првиот сведок што се појави пред Анкетната комисија за прислушувањето. Тој е повикан да даде исказ по предлог на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 14.12.2015 14:57
-
Македонија 14.12.2015 14:46
Запленети 30 килограми марихуана наменета за турскиот нарко- пазар
30 килограми високо квалитетна марихуана наменета за турскиот нарко пазар e запленета на граничниот премин Богородица. Дрогата ја открило службено куче на царината, а била пронајдена во возило кое го управувало 61 -годишен гостиварец.
-
Македонија 14.12.2015 14:30
Специјалното јавно обвинителство презеде 34 предмети, меѓу кои и „Пуч“
Специјалното јавно обвинителство кое го предводи Катица Јанева се прогласи за надлежно за сите предмети кои до него беа доставени. Се работи за над 34 предмети, вклучително и предметот „Пуч“. Оттаму известуваат дека бројот на предмети кои се однесуваат на изборни нерегуларности изнесува 16.
-
Македонија 14.12.2015 14:23
Скопска апелација ја потврди пресудата за „Монструм“
Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 од 30 јуни 2014-та за случајот „Монструм“.
-
Македонија 14.12.2015 13:47
Верските лидери потпишаа Декларација за осуда на тероризмот
Комисијата за односи со верските заедници со верските лидери во земјава потпишале декларација за осуда на тероризмот.
-
Македонија 14.12.2015 13:14
Анкетна комисија: Прв сведок премиерот Груевски
Премиерот Никола Груевски е првиот сведок, кој се појави пред Анкетната комисија за прислушувањето.
-
Македонија 14.12.2015 11:43
МВР: За 24 часа издадени 2.621 потврди за барање азил
Во изминативе 24 часа издадени се вкупно 2.621 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на странски државјани.
-
Македонија 14.12.2015 10:34
Еден убиен и двајца повредени во престрелка во Струшко
Во меѓусебна престрелка меѓу две групи, синоќа кај струшкото село Долна Белица, едно лице го загуби животот, а двајца се повредени. Настанот се случил околу 22 часот на локалниот пат Струга- Долна Белица.
-
Македонија 14.12.2015 10:17
Собранието ќе ја продолжи 74-тата седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да одржи ново продолжение на 74-тата седница.
На дневен ред се Предлог законот за амнестија во прво читање и Информација за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија.
-
Македонија 14.12.2015 10:04
Седница на три собраниски комисии
Во Законодавниот дом, седници ќе одржат три собраниски комисии. На дневен ред на комисијата за европски прашања е наративен преглед на степенот на реализација на националната програма за усвојувањето на правото на Европската унија, во третиот квартал од 2015 година.










