Времето денеска во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
-
Македонија 08.09.2025 09:00
-
Македонија 08.09.2025 08:49
Автобусите на ЈСП - Скопје сообраќаат по неделен возен ред
Поради државниот празник „8 Септември“ - Денот на независноста, денеска автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие сообраќаат по неделен возен ред.
Работат само билетарницата и центарот за персонализација кај Транспортниот центар.
-
Македонија 08.09.2025 08:35
Македонија 34 години независна и суверена држава
Македонија одбележува 34 години самостојна и суверена држава. На 8-ми септември 1991-ва година беше спроведен Референдум, на кој над 95 насто од граѓаните се изјаснија за независна држава.
-
Македонија 07.09.2025 17:46
Пронајдена дрога во домот на скопјанец, овозможувал и на друго лице да користи кокаин
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 и Овозможување употреба на наркотични дроги од член 2
-
Македонија 07.09.2025 17:31
Тошковски за РСЕ: Трагедијата во Кочани покажа дека треба да имаме огромни реформи во иднина
Трагедијата во Кочани покажа дека е потребно да се направат многу крупни реформи и тотална реорганизација на Министерството за внатрешни работи, вели Тошковски во интервју за Радио Слободна Европа.
-
Македонија 07.09.2025 17:09
Димовски за „360 степени“ тврди дека Мицкоски не бил предмет на следење
Нема документи кои укажуваат на следење и прислушување на тогашниот лидер на опозицијата, тврди поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски, во интервју за „360 степени“.
-
Македонија 07.09.2025 16:50
Пожарот во Виница под контрола, повредените се во стабилна здравствена состојба
25 лица побарале лекарска помош во Кочанската болница после пожарот во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница.
-
Македонија 07.09.2025 16:26
Како да се заштитат шумите од потпалувачите?
Македонија трпи ненадоместливи штети од шумските пожари. Само лани изгореле преку 95 000 хектари што е колку за 10 години претходно. Опасноста не е одмината, па до 30 септември е продолжена забраната за движење низ шумите. Како да се заштитиме, ако речиси сите се подметнувани?
-
Македонија 07.09.2025 15:20
Службата за итна помош во Струмица се соочува со недостиг на возила и кадар
Службата за итна медицинска помош Струмица отвори дежурна служба во Ново Село со цел жителите од оваа погранична општина не патуваат по 40-тина километри во еден правец за итни случаи. Дежурната ќе работи од 19 до седум часот наутро а наскоро кадровски ќе се доекипира.
-
Македонија 07.09.2025 14:24
Ѓурчевски: АНБ да не ги декласифицира документите
Не смее да се дозволи декласификација на документите, ако сакаме судска постапка во која на законит начин ќе се утврди дали некој незаконски следел и прислушувал, смета поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчевски.










