Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 8 до 17, а максималните ќе достигнат од 27 до 34 степени.
-
Македонија 09.09.2025 08:09
-
Македонија 08.09.2025 17:37
Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница - Гостивар, сообраќајот пренасочен по споредните патишта
Денеска во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила. До сега се пријавени пет повредени лица.
-
Македонија 08.09.2025 16:56
Мицкоски: Наталитетот е најголемиот предизвик за опстанокот на државата
Пред 34 години се случи историска пресвртница. Одекна гласот на илинденците, асномците и сите кои споделуваа визија за независна Македонија.
-
Македонија 08.09.2025 14:36
Храбриот Марко од Охрид успешно го заврши 15-от подвиг
19-годишниот Марко Пејчиноски, храброто момче од Охрид со ретка болест, успешно заврши уште еден подвиг. Модифициран „Ајронмен“ триатлон, во должина од 107 километри, трчање, возење велосипед и пливање.
-
Македонија 08.09.2025 13:51
Независна Македонија изоде тежок пат, евроинтеграцијата е следната стратешка цел која ќе се оствари
„Да Ви честитам на Вас сите и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, слободна, суверена и самостојна Македонија“-одекнаа силно овие зборови пред 34 години кога Македонија стана независна држава.
-
Македонија 08.09.2025 13:32
„ЕКСПО 2025“: Македонската култура и историја претставени во Осака
Во Осака, Јапонија се одржува „ЕКСПО 2025“, на кој со свој павилјон се претставува и Македонија. Голем број посетители се интересираат што се нуди, секако меѓу нив и македонските знаменитости и култура.
Викторија Милевска известува од Осака
-
Македонија 08.09.2025 13:21
Граѓанска визија за следната декада
Триесет и четири години независна, а прашањето останува исто – каде одиме понатаму? Каде се гледаат за десет години? Денеска, граѓаните ја цртаат својата визија за Македонија во 2035-та. Надежи, стравови и соништа за иднината.
Известува Александра Велинова
-
Македонија 08.09.2025 13:16
Мицкоски: Приоритет е ЕУ, но патот да е достоинствен
Македонија ја има сè помалку – порача премиерот Христијан Мицкоски на централната свеченост за 34 години независност. Со статистики за празни училници и исчезнати генерации, премиерот предупреди дека наталитетот е најголемиот предизвик за опстанокот на државата.
-
Македонија 08.09.2025 13:00
Почна увидот во опожарената фабрика во Виница
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го почна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница. Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи сè уште има жаришта кои тлеат.
-
Македонија 08.09.2025 11:57
Три активни пожари, еден под контрола
Во последното деноноќие на територијата на државава имало вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а 27 се изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи.










