Штипското обвинителство поднесе обвинение против Мустафа Хајрулахи, виш јавен обвинител од Вишото обвинителство – Скопје. Сторил пет кривични дела поврзани со злоупотреба на службената положба и овластување.
-
Македонија 09.09.2025 17:07
-
Македонија 09.09.2025 16:54
Метеж пред студентскиот дом „Гоце Делчев“, студентите аплицираат за сместување
Стотици студенти од различни градови од земјава со часови чекаат да бидат сместени во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Велат, доколку се поднесуваат документите електронски, ќе нема чекање и долги редици. Некои се сместуваат првпат, а некои веќе престојувале, задоволни од условите.
-
Македонија 09.09.2025 16:23
Собраниска комисија утре влегува во АНБ
Власта и опозицијата во клинч околу наводите за незаконско следење од страна на Агенцијата за национална безбедност. Собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање утре ќе одржи седница.
-
Македонија 09.09.2025 16:05
Специјални таблички за службените возила
Регистарски таблички во жолто-црвена боја треба да имаат околу 7.500 возила во сопственост на државата. Сепак, дел од возилата за специфични намени на МВР и на Агенцијата за безбедност ќе останат необележани.
-
Македонија 09.09.2025 15:50
Бирократски процедури во ЕУ ќе го забават транспортот
На само месец дена од воведување на системот за електронско следење за влез и излез од ЕУ, нема никакви најави за изземање или олеснувања за одредени категории како што е транспортната дејност.
-
Македонија 09.09.2025 15:45
Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
-
Македонија 09.09.2025 15:27
Одбраната бара изземање на судијата за случајот со родилката од Дебар
Наместо да се сослушаат супервештаците, повторно се одложи судењето за родилката од Дебар, која при породувањето во струшката болница остана без три органи.
-
Македонија 09.09.2025 15:11
ЦУК: Сѐ уште активни пожарите кај селата Никуштак, Лабуништа, Татеш и Грешница
Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два под контрола и четири се изгаснати.
-
Македонија 09.09.2025 13:35
Ќе има ли разврска за кардиохируршките случаи?
Комисија под капа на Министерството за здравство ја чешла документацијата за интервенциите направени на пациенти во сите здравствени установи, меѓу нив и приватните болници. Кардиохируршките и кардиолошките по лупа.
За постапката повеќе од Наташа Јанчиќ Менковски.
-
Македонија 09.09.2025 13:22
Почна сместувањето на студентите
Метеж пред студентските домови. Сите со документи во рака аплицираат за сместување за академската година. Дали процесот на сместување се одвива регуларно?
Александра Велинова известува.










