Македонија ја има сè помалку – порача премиерот Христијан Мицкоски на централната свеченост за 34 години независност. Со статистики за празни училници и исчезнати генерации, премиерот предупреди дека наталитетот е најголемиот предизвик за опстанокот на државата.
-
Македонија 08.09.2025 13:16
-
Македонија 08.09.2025 13:00
Почна увидот во опожарената фабрика во Виница
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го почна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница. Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи сè уште има жаришта кои тлеат.
-
Македонија 08.09.2025 11:57
Три активни пожари, еден под контрола
Во последното деноноќие на територијата на државава имало вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а 27 се изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 08.09.2025 11:36
34 години независност: Мицкоски повика на обединување и заедништво
„Независноста не е само потпис на хартија – таа е жртва, борба и љубов кон оваа света земја. Тоа е аманет од нашите предци и завет пред идните генерации. Да се обединиме“, порача премиерот Христијан Мицкоски на централната свеченост по повод 34 години од осамостојувањето на Македонија.
-
Македонија 08.09.2025 11:16
Кошта: ЕУ останува посветена на македонскиот европски пат
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска упати честитки по повод Денот на македонската независност.
По повод националниот ден на Северна Македонија, упатувам срдечни честитки до нејзиниот народ и власти, наведе Кошта во објава на мрежата „Х“.
-
Македонија 08.09.2025 10:16
„Од сон до реалност, за вечност“- 34 години од осамостојувањето
Македонија одбележува 34 години независна и суверена држава.
Македонската телевизија врши директен пренос од свечената академија „Од сон до реалност, за вечност“, која се одржува во Македонската филхармонија, а на која обраќање ќе има премиерот Христијан Мицкоски.
-
Македонија 08.09.2025 09:50
Зголемена фреквенција на возила на „Богородица“ и „Табановце“
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ.
-
Македонија 08.09.2025 09:37
Сиљановска-Давкова: Во свет заснован на сила, а не на право, сè уште водиме битка за рамноправна, модерна, европска и правна држава, членка на ЕУ
На 8-ми септември 1991-ва година, легално и легитимно, врз основа на неотуѓивото и непотрошно право на самоопределување на секој народ, ние, македонските граѓани, ја крунисавме вековната борба на илинденците и партизаните со унитарна, независна и самостојна држава, наведува во честитката претседа
-
Македонија 08.09.2025 09:21
Честитка за Денот на независноста од американскиот државен секретар, Марко Рубио
Во име на Соединетите Американски Држави, честитки за Денот на независноста и 30 години од дипломатските односи меѓу Македонија и САД, од државниот секретар Марко Рубио.
-
Македонија 08.09.2025 09:00
Сончево со мала до умерена облачност
Времето денеска во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.










