Затруено четиригодишно дете е донесено во кумановската општа болница. Првичните сомнежи се дека консумирало непозната течност, најверојатно детергент.
-
Македонија 14.08.2025 13:01
-
Македонија 14.08.2025 11:58
„Водовод“ апелира: Водата да се користи рационално
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ги повика граѓаните да ја користат водата рационално поради високите температури, зголемената потрошувачка и намалената издашност на изворот Рашче.
-
Македонија 14.08.2025 11:38
Идната недела уписи на УКИМ – слободни над 9.700 места за бруцоши
Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје на 19 и 20 август ќе го одржи првиот уписен рок за академската 2025/2026 година. Според конкурсот, на 23 факултети има 9.719 слободни места: 4.683 за редовни студенти во државна квота, 4.081 со кофинансирање и 955 за вонредни.
-
Македонија 14.08.2025 11:16
Ревизија: Шумари во канцеларии, милионски долгови во ЈП „Национални шуми“
Шумари работат како административци – ова го покажа ревизорскиот извештај за ЈП „Национални шуми“ за 2023 година.
-
Македонија 14.08.2025 10:24
Уставниот суд во јули оформи 26 нови предмети
Уставниот суд во текот на јули 2025 година оформи 26 нови предмети – десет за оценување на уставноста на закони и подзаконски акти, дванаесет по иницијативи за оценување на уставност и законитост, како и четири за заштита на слободите и правата на граѓаните.
-
Македонија 14.08.2025 09:44
Два пожари сè уште активни, три под контрола
Од вкупно 25 пожари на отворен простор, два се сè уште активни, три се под контрола, а 20 се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 14.08.2025 08:47
На „Табановце“ зголемена фреквенција за влез и излез од државата
Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
-
Македонија 14.08.2025 08:22
Мицкоски на увид на градежни активности на автопатот Кичево – Охрид
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид на градежните активности на делницата од Климештани до Охрид, која е дел од автопатот Кичево – Охрид.
-
Македонија 14.08.2025 08:01
Сончево и топло, температура до 38 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во северозападните планински региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
-
Македонија 13.08.2025 17:20
Фестивал на водени спортови по трет пат во Охрид
Од шеснаесетти до триесетти август, Охрид ќе биде домаќин на Фестивалот на водени спортови, во чии рамки ќе се одржат дваесет натпреварувања на кои учество ќе земат спортисти од земјава и странство.










