Летниот период, одморите и празните домови, привлечен момент за криминалците. Речиси секоја година во топли денови, расте бројот на кражби. Најчести се грабежите на домови, но има и обиени паркирани автомобили.
-
Македонија 14.08.2025 17:45
-
Македонија 14.08.2025 17:20
Шумари работат како административци-„Национални шуми“ во незавидна ситуација
Наместо да сечат дрва – околу 260 шумски работници, дотурачи, редари, во „Национални шуми“ седат во канцеларија и извршуваат административна работа. Ревизорот нотирал дека ова се случува додека повеќе од половина од производниот процес во јавното претпријатие зависи од надворешни извршители.
-
Македонија 14.08.2025 16:57
Протест на вработените во „Флораком“ и „Луна“, синдикатот најави и кривични пријави
Без две плати и здравствено осигурување се оставени работниците во двете фирми-ќерки на „Паркови и зеленило“, меѓу кои и хронично болни, онколошки пациенти, лица со стентови. Повторно на „Илинденска“, на високите температури излегоа на протест – Синдикатот најави и кривични пријави.
-
Македонија 14.08.2025 16:34
Ивановска: Не се кандидирам за личен профит, туку да понудам решенија за проблемите на жителите
Од борба со корупцијата, во борба за општина Центар. Поранешната прва антикорупционерка Билјана Ивановска влегува во политиката. Доаѓа на предлог на платформата „Независни заедно“ и вели – се кандидира не за личен профит, туку да понуди решенија за проблемите на жителите.
-
Македонија 14.08.2025 15:44
Утре започнува втората „Училишна кошница“
Од утре стапува на сила Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со која од 15 август до 15 септември ќе ги опфати трговците на мало и на големо кои продаваат училишен прибор.
-
Македонија 14.08.2025 15:19
Продолжува изградбата на автопатот Кичево-Охрид, ќе заврши во најавениот рок
По поплаките на жителите на селата во Дебарца, кои со изградбата на автопатот Кичево-Охрид останаа отсечени без пристапни патишта, надлежните смируваат. Ниту едно населено место нема да остане без пристапен пат.
-
Македонија 14.08.2025 14:54
Мицкоски: Институциите преземаат мерки, затајува Обвинителството
Институциите преземаат мерки, но затајува Обвинителството – премиерот Мицкоски повторно го впери прстот кон Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски.
-
Македонија 14.08.2025 13:47
Граѓаните на плажа, разбојниците во нивните домови
Летниот период носи и ризик од кражби. Додека граѓаните одмораат на плажите, честопати објавувајќи и фотографии на социјалните мрежи, разбојниците ги празнат нивните домови. По илјада кражби имало само во јуни и во јули.
Известува Елена Георгиевска
-
Македонија 14.08.2025 13:23
Вработените во „Флораком“ и „Луна“ бараат плати
Им доцнат платите, немаат здравствено осигурување. Вработените во двете фирми-ќерки на ЈП „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“, и денеска излегоа на протест и го блокираа булеварот „Илинденска“. Најавени се и кривични пријави.
Известува Ана Јосифоска
-
Македонија 14.08.2025 13:17
Ивановска во трка за градоначалничка на Центар
Независните иницијативи не губат време – дел од нив забрзано собираат потписи за формирање политички партии. Од „Независни заедно“ го претставија и нивниот прв кандидат. Поранешната прва антикорупционерка, Билјана Ивановска и официјално влегува во трка за градоначалник на Центар.










