Се поголем број невработени Роми со диплома

05.01.2014 14:56

Бајрам Бајрамовски од Куманово е првиот магистер на науки од ромската заедница, а работи како волонтер во една невладина организација. Пред 5 години завршил педагошки факултет, а две години подоцна магистрирал на Институтот за социјална политика со ступенција од европската унија. Вели дека досега кокурирал на бројни огласи меѓу кои и во општинската администрација, каде нема вработено ниту еден Ром.

„Досега сум аплицирал на повеќе места, но иако ги исполнувам сите услови согласно моето образвание и комптенции, самиот се прашувам што тоа не исполнувам за бидам вработен“, вели овој магистер по социјална политика.

Постојано расте бројот на младите Роми кои завршуваат високо образование потикнати од владините ступендии наменети за ова етничка заедница. Веќе 20 тина од нив чекаат работа, но поучени од лошто искуство на огласите не се охрабруваат да аплицираат.

„Моите колешки кои се пријавуваа на огласите скоро сите беа одбиени. Јасно ми е дека едноставно немам никакви шанси, затоа не го ни направив тој чекор“, раскажува Ресми Асановска, невработена Ромка.

На послениот во локалната самопрва  се бараа 37 лица со различни профили на образование, но беа избрани службеници од македонската и етничата заеница.

„Огласите за работа се транспарентни и може да конкурира секој кој ги исполнува условите. Ние не можеме да ги викаме од дома да ги вработиме доколку тие не се пријавиле“, вели Валентина Алексовска секретар во Општина.

Процентот на етничка застапеност со роми во Општината го има со нискоквалификуваните работници во Јавните претпријатија.

Во Општината ромите се застапени со 2,5 проценти од вкупната популација.

Габриела Димковиќ