Прва средба на Зоран Заев со Стефан Филе

07.01.2014 18:22

Актуелната политичка состојба и еврооинтегративниот процес на Македонија беа темите во фокусот на денешната прва средба на председателот на СДСМ Зоран Заев со Еврокомесарот за проширување Стефан Филе.На состанокот Филе ја нагласил и потребата за национален консензус поврзан за реформите и агендата за европскиот процес- изјави за Македонската ТВ неговиот портапрол Петар Стано .

Тие разговараа и за реформите во најчуствителниот дел како што се владеење на правото, слобода на медиумите. Тие разговараа и за работните групи кои работат на изборната легислатива, и во тој контекст нагласија потребата за фер услови за политички натпревар во државата

На денешната средба Фуле ја истакнал и неговата силна подршка во реформскиот процес преку Пристапниот дијалог на високо ниво, за чија следна рунда преговори сеуште не е закажан конкретен датум .

Инаку најгласните поборници за слобода на говорот и на медиумите денеска во брисел не сакаа да дадат изјава за постојаните дописници на МК Тв во европската престолнина со образложение дека не сакаат да ризикуваат и да одговараат на прашања.

Марина Тонева