Како се славела Нова година низ историјата?

30.12.2019 13:38

Некои народи почетокот на Новата година го славеле според движењето и влијанито на сонцето, други на месечината, некои според комбинирање на нивните циклуси, а некои според процесите во природата. Гледано низ историјата еве како и кога се славела Нова година.

Нова година е нов почеток, но таа историски гледано , се разликува меѓу народите и културите , токму како и причините и обичаите врзани за неа . Еве една прошетка низ историјата кој кога и зошто славел нов почеток на годината. 

Научниците сметаат дека први почнала да ја одбележуваат Вавилонците пред 4000 години.. Се славела како повторно раѓање на сѐ во природата и било сосема логично да почнува во пролет, кога оживува природата. Вавилонците ја славеле 11 дена. Кралот ја соблекувал облеката и потполно се повлекувал од престолот . Во тие неколку дена секој можел да прави што сака. По неколку дена кралот се враќал на престолот раскошно облечен и застанувал на чело на празничното славење со што се означува завршување на прославата и враќање на животот во нормала.  

Древните Еѓипќани  Новата година ја славеле во септември. Тоа е периодот кога реката Нил ја поплавува земјата. Тоа значело изобилие од растенија и доволно храна за сите. Тогаш Египќаните ги  изнесувале статуите на богот Амон, на неговата жена и  синот. Ги ставале на брод кој пловел по Нил. Веселбата траела цел месец, а потоа стауите се враќале во храм.

Старите Римјани долго ја славеле Новата година кој почнувала на 1 март. Така било се до 46 година пред новата ера, кога Јулие Цезар вовел нов календар со кој се служиме и денес. Јануари добил име според римскиот бог Јанус кој бил двоглав. Едната глава му била завртена кон старата година, другата кон новата . Новогодишните прослави во Рим ги викале Календи. Луѓето ги украсувале своите домови и си разменувале подароци. Робовладетелите и робовите тие празнични денови  ги живееле во мир и слога и заедно ги празнувале. Секој правел што сака без ограничувања.

Келтите   го славеле Шаман на крајот на октомври. Во буквална смисла тоа би значело крај на летото. Го собирале растението имела за да ги растераат  злите духови. Верувале дека токму кога сонцето  го намалува својот интензитет, тогаш доаѓаат духовите на мртвите за да ги прогонуваат живите. Тука завршувал нивниот годишен циклус. Во Шкотска овој празник се вика Хогманај. Во некои села и денес се палат буриња со катран и се тркалаат по улиците за да изгори старата година. Шкотите проценуваат каква ќе им биде годината според тоа кој прв ќе им влезе дома. Ако биде темнокос и ако носи подарок за домаќинот тогаш годината ќе им биде благородна и успешна.

Персискиот -Џалали календар го вовел селџучкиот султан Џалал ал-Дин Малик Шах во 1079 година од новата ера, според  препорака на  астрономите од царската опсерваторија. Тој поседувал најпрецизно пресметана соларна година , а пресметките за движењата на месечината почивале на проаѓањето на сонцето низ зодијакот. ОД 1258 се вклучени и компоненти  од кинеско-ујгурскиот календар. Овој Џалалов календар останал во употреба 8 века. Ревидиран е во 1925 година со цел да има поправилна должина на месеците. Муслиманите пак набрзо ставиле исламски календар кој бил чисто лунарен.

Светот денеска значително се разликува од начинот како во минатото се толкувале работите. Повеќето народи ја прифатиле глобално применливата дата 1 јануари според грегоријанскиот календар , заради поедноставно функционирање и меѓусебна бизнис комуникација, со исклучок на неколку народи  кои останале верни на својата традиција.

Соња Стојановска