За нов тренер на ФК Вардар е назначен Александар Васовски - Тетовче, играчка легенда на клубот и човек под чие водство ФК Вардар ја освои последната шампионска титула во 2019 година, соопштија вчера преку социјалните мрежи „црвено-црните“.
Спорт
-
Фудбал 23.08.2023 10:08
-
Тенис 23.08.2023 09:21
Романката Симона Халеп исфрлена од листата за настап на УС Опен
Поранешниот светски рекет број 1, Романката Симона Халеп е исклучена од листата на тенисерки за настап на гренслем-турнирот во САД кој почнува следната недела. Халеп заработи едногодишна суспензија уште во ноември минатата година, откако беше позитивна на забранета супстанца.
-
Фудбал 22.08.2023 11:20
Димитриевски повторно со „чиста мрежа“
Столе Димитриевски, македонскиот репрезентативен голман, не прими гол и на вториот натпревар од новата сезона во шпанската Ла Лига.
Тимот на Димитриевски, Рајо Ваљекано, синоќа забележа победа со 2:0 на гостувањето кај Гранада, а Димитриевски имаше неколку добри одбрани.
-
Останати спортови 22.08.2023 11:16
САД водат по бројот на медали на Светско првенство во атлетика
Соединетите Американски Држави се лидер на табелата медалисти на Светско првенство во атлетика кое се одржува во Будимпешта.
Американците имаат вкупно девет медали, од кои пет златни.
Табела на освојувачите на медали на атлетскиот Мундијал:
-
Останати спортови 21.08.2023 08:56
Двојна победа за Игор Стефановски-Иџе во Швајцарија
Две победи на трките во Сент Урсан во Швајцарија за македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе. На првата трка го освои првото место и постави нов рекорд, додека на втората со време од 5,6 секунди беше подобар од второпласираниот тркач.
-
Тенис 21.08.2023 08:52
Ѓоковиќ го победи Алкараз и го освои турнирот во Синсинати
Во спектакуларно финале на турнирот во Синсинати, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Шпанецот Карлос Алкараз со резултат 5:7, 7:6 (9:7), 7:6 (7:4). Средбата траеше 3 часа и 50 минути.
-
Останати спортови 17.08.2023 20:19
Автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе на чекор до нова титула
Македонскиот автомобилски шампион Игор Стефановски Иџе на три трки до крајот е лидер во пласманот во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC). Викендов Иџе ќе настапи на патеката Сент Урсан во Швајцарија.
-
Фудбал 17.08.2023 09:08
Манчестер сити го освои Суперкупот на УЕФА победувајќи ја Севилја на пенали
Во натпреварот за Суперкупот на Европа, Манчестер сити ја совлада Севилја со 5:4 на пенали.
Основните 90 минути завршија нерешено 1:1. Јусеф Ен-Незири и донесе водство на Севилја во 25. минута. Кол Палмер во 63. минута го изедначи резултатот.
-
Останати спортови 16.08.2023 15:19
Одбојкарите ги промовираа дресовите со кои ќе настапат на ЕП
Во пресрет на Европското првенство, Одбојкарската федерација на Македонија, во Агенцијата за млади и спорт, ги претстави новите дресови.
-
Кошарка 16.08.2023 15:15
Канада без Мареј на Светско првенство
Канадскиот кошаркар Џамал Мареј ќе го пропушти Мундијалот поради повреда, објави на својата интернет страница Канадската кошаркарска асоцијација.





