Франција, која идната година ќе биде домаќин на Летните олимписки игри (ЛОИ), објави и кандидатура за организација на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во 2030.
Спорт
-
Останати спортови 08.11.2023 09:56
-
Фудбал 08.11.2023 09:49
Познати првите учесници во плејофот од Лигата на шампионите 2023/24
Екипите на Манчестер сити и на Лајпциг се првите со обезбедено учество плејофот од фудбалската Лига на шампионите за сезоната 2023/24.
Вчера Манчестер сити на домашен терен го победи Јанг Бојс со 3:0, додека Лајпциг во Белград со 2:1 ја порази Црвена ѕвезда.
-
Кошарка 07.11.2023 09:42
Шампионот Нагетс го совлада Њу Орлеанс
Шампионот Денвер Нагетс убедливо со 134:116 го совлада Њу Орлеанс а Никола Јокиќ одново покажа зошто е најдобар играч во лигата. Српскиот центар го забележа 108-от трипл-дабл во НБА кариерата и сега е на високото четврто место пред легендите Леброн Џејмс и Џејсон Кид.
-
Кошарка 03.11.2023 10:34
Машката кошаркарска репрезентација со победа над Косово
Машката кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи „Под 14“ години продолжи со добрите настапи на ФИБА YDF турнирот во Скопје. По успех на стартот против Бугарија, нашите кадети во СРЦ „Кале“ беа подобри од своите врсници од Косово со резултат 72:57.
-
Фудбал 02.11.2023 19:54
ФФМ донираше медицинска опрема за второлигашките клубови
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со цел подобрување на условите во делот на медицинските тимови на клубовите од МФЛ и посветувајќи грижа за здравјето на фудбалерите и учесниците на натпреварите од домашниот шампионат, донираше дефибрилатори за сите, шеснаесет екипи, од Втора МФЛ.
-
Ракомет 02.11.2023 19:50
Лазаров одбра 18 играчи за контролите со Грција
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров одлучи кои ракометари ќе патуваат во Солун на контролните натпревари со Грција.
-
Тенис 02.11.2023 08:59
Ѓоковиќ со победа против Ечевери во АТП Мастерс серијата во Париз
Новак Ѓоковиќ првиот светски рекет, вчера го победи Аргентинецот Томас Мартин Ечевери во второто коло на турнирот од АТП Мастерс серијата во Париз.
-
Кошарка 01.11.2023 19:45
Дурант стана 12-ти играч во историјата на НБА со 27 илјади поени
Кошаркарот на Феникс санс, Кевин Дурант надмина 27 илјади поени во кариерата.
Триесет и петгодишниот Американец постигна 26 поени ноќеска во поразот од Сан Антонио (114:115) во регуларниот дел од сезоната во НБА.
-
Фудбал 31.10.2023 18:10
Осма „Златна топка“ за Меси
Аргентинецот Лионел Меси по рекорден осми пат во кариерата ја доби наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер во изминатата година.
-
Кошарка 31.10.2023 10:46
Нагетси ја совладаа Јута во НБА лигата
Нагетси ја совладаа Јута со резултат 110:102 и ја продолжија победничката серија. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ имаше нова маестрална вечер во НБА лигата. Јокиќ за 35 минути запиша 27 поени (шут од поле 12/16) со 11 асистенции и 10 скока.








