Реал Мадрид победи против Ал Аин, со 4:1 и се закити со титулата Светски клупски првак за 2018 година.
Спорт
-
Фудбал 24.12.2018 14:42
-
Фудбал 24.12.2018 14:21
ФФМ ги прогласи најдобрите за 2018 година
Број 1 во нашата земја за годината што изминува, е Бесарт Ибраими од Шкендија. Најдобар реперезент во странство е Барди од Леванте, а Пандев доби награда за посебен придонес.
Најдобар тренер е Ќатип Османи, најдобар стрелец е Ибраими, Марјан Маркоски е најдобар судија.
-
Кошарка 24.12.2018 14:19
Работнички се врати на лидерското место
Иако имаше проблеми во играта против Гостивар, сепак со огромното искуство што го поседува, актуелниот кошаркарски шампион победи со 89:78 и се врати на чело на табелата во Првата лига.
-
Ракомет 24.12.2018 14:18
Раул го објави подмладениот список
Македонскиот селектор се реши за малку поинаков состав на нашата национална селекција, од она на кое што бевме навикнати во последните години.
-
Останати спортови 21.12.2018 13:40
Хиршер ита кон историја
Австрискиот скијач победи на домашната патека во Залбах и стана најуспешниот од оваа земја, со 63 победи во рамките на натпреварите во Светскиот куп.
-
Ракомет 21.12.2018 13:39
Вардар и Киелце казнети поради војната во Полска
Македонскиот ракометен шампион ќе плати 6000 евра за однесувањето на играчите и на претставниците на клубот на мечот одигран на гости кај Киелце.
-
Фудбал 21.12.2018 13:38
За лиценца се пријавија само прволигашките екипи
ФФМ упати покана до сите екипи во нашата земја, за добивање дозвола за настап во меѓународните натпреварувања под капата на УЕФА, наредната сезона.
-
Кошарка 21.12.2018 13:37
МЗТ царува со АБА2 лигата
Андрија Бојиќ, српскиот интернационалец во редовите на македонскиот вицепрвак, го освои признанието за најкорисен играч на колото во АБА2 лигата.Во победата кај Хелиос со 73:92 во 12-та рунда, Србинот имаше 35 поени, 11 скока, една асистенција и една украдена топка.
-
Ракомет 21.12.2018 13:36
Нант загуби од ПСЖ и не успеа да стане лидер
Во француското дерби кое што решаваше за врвот на табелата, екипата на нашиот репрезентативен капитен Кире Лазаров беше поразена од најголемиот ривал за титулата, тимот на поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес.
-
Кошарка 20.12.2018 13:59
Македонците се пласираа во следната фаза
Екипите на Монако и на Андора, како првопласирана и второпласирана од групата А, ќе играат во Топ 16 фазата во Еврокупот на УЛЕБ.









