Голманот на Вардар Арпад Штербик по одличното издание против Барселона се најде во идеалниот тим на 5.коло од Лигата на шампионите во избор на ЕХФ.
Штербик имаше вкупно 15 одбрани на натпреварот, од кои 10 во првиот дел во триумфот на Вардар со 27:24.




