Во 23-то фудбалско прволигашко коло ќе нема пресметка меѓу кандидатите за титулата, но нема ниту неважен натпревар. Со победата против Тетекс од 2:1, Работнички ја продолжи речиси седумесечната низа без пораз којашто трае 14 мечеви.
Спорт
-
Фудбал 06.04.2015 16:14
-
Кошарка 06.04.2015 12:00
Лејкерс тонат, а Харден, Вестбрук и Леброн не знаат за доста
Синоќешната серија мечеви во НБА лигата, ја одбележа неславниот клупски рекорд на Лејкерс, кои што го загубија 56-от меч во една сезона, што е катастрофален учинок за најгламурозната кошаркарска франшиза преку океанот. -
Останати спортови 05.04.2015 17:41
47-от ИКАС за Стоиљковиќ
Српскиот кајакар Душан Стоиљковиќ е победник на традиционалната кајакарска манифестација Икас што по 47-ми пат се одржа на патеката на реката Треска во СЦ Матка крај Скопје.
-
Кошарка 05.04.2015 17:30
Антиќ со 9 поени за 57 триумф на Атланта, Голден Стејт ја прослави 63 победа
Перо Антиќ постигна 9 поени за 15 минути игра, во убедливата победа на Атланта над Бруклин со 131 : 99. Македонецот постигна две тројки од 3 обида и по еден прецизен шут за два поена и од слободни фрлања.
-
Ракомет 03.04.2015 23:30
Металург тргна со победа во одбрана на титулата
Ракометарите на Металург не дозволија изненадување на почетокот на патот до одбрана на тронот во домашното првенство. Со 26-20 совладан е тимот на Радовиш, третоплсираниот по суперлигашкиот дел од сезоната. -
Ракомет 03.04.2015 17:25
Металург – Радовиш на отворањето на ракометниот плеј оф
Ракометарите на Металург тргнуваат во одбрана на домашната титула во натпревар со Радовиш пред своја публика. Овој двобој го означува почетокот на разигрувањето за тронот оваа сезона.
-
Ракомет 02.04.2015 16:46
ЖРК Вардар пред пресметките на сезоната во Л Ш
Вардарки се пред наоѓаат пред моментот на вистината. Амбициите се идентични како ланските кога во дебитанти беа на Ф4, но патот дотаму овојпат води преку унгарски Ѓер, двојниот едноподруго континентален шампион. Ѓер е европски великан, машина која тешко се стопира.
-
Кошарка 02.04.2015 14:32
Блескави настапи на Харден, Вестбрук и на Казнс!
Тројниот поединечен ефект не беше доволен за победа во два од 12-те синоќешни натпревари. Вестбрук реализираше 31 поен и по 11 асистенции и скокови, но Оклахома дома загуби со 135:131 од Далас кај којшто најефикасен беше Елис со 26 коша.
-
Останати спортови 02.04.2015 13:28
ИКАС по 47-пат
Прекрасна природа,единствен амбиент и врвен спорт, на едно место, во еден од најубавите спортски центри во Европа, кајакарската патека во Матка крај Скопје и традиционалната манифестација по 47-ми пат-Илинденскиот кајак слалом,популарниот ИКАС.
-
Останати спортови 02.04.2015 12:41
Патрик Хики во Македонија
Претседателот на Европските олимписки комитети, Патрик Хики е во дводневна посета на Скопје. Ова е 4-ти пат првиот човек на европското олимписко движење да претстојува во Македонија. Неговата посета е од работен, но и од свечен карактер.









