Победата против Белорусија се наметнува затоа што македонската фудбалска репрезентација нема други опции по трите порази и единствениот триумф против Луксембург во квалификациите за Европското првенство.
Спорт
-
Фудбал 24.03.2015 15:40
-
Ракомет 24.03.2015 15:37
Вардарци го сакаа и го добија Киелце!
Желбата им се оствари, ракометарите на Вардар ќе играат против Киелце во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Како првопласиран во групата, полскиот првак ќе ја има предноста на домашниот терен во реваншот. Првиот натпервар ќе се одигра во Скопје на 11 или на 12 април.
-
Кошарка 24.03.2015 13:19
Харден со 44 коша против Индијана
Во НБА Лигата, нова една феноменална вечер имаше Џејмс Харден во дресот на Хјустон. Како главен играч на Рокитс по повредата на Двајт Хауард, Харден со 44 коша ја потопи Индијана, иако дури 21 погодок постигна од линијата за слободни фрлања.
-
Фудбал 24.03.2015 11:08
Симеоне во Атлетико до 2020 година!
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне останува на „Калдерон“ до 2020 година! Според шпанските медиуми, преговорите се финализирани и во текот на денот Симеоне ќе стави потпис на новиот договор. Поединостите од договорот ќе бидат соопштени после потпишувањето.
-
Фудбал 23.03.2015 15:13
Адеми и Ѓуровски не доаѓаат, Матиќ се уште без сертификат од ФИФА
Значително реновираниот поширок список играчи на македонската фудбалска репрезентација ќе претрпе и додатни принудни измени пред евроквалификацискиот натпревар со Белорусија в петок во Скопје.
-
Фудбал 22.03.2015 23:28
Пелистер, среќник
Вардар и Пелистер одиграа нерешено 1:1 во дербито на 21 коло од Првата фудбалска лига. Поведе Вардар во 17-та минута со голот на Ибричиќ. Пелистер израмни во првата минута од судиското надополнување!
-
Кошарка 22.03.2015 18:33
Продолжи победничката серија на Голден Стејт
Во НБА лигата беа одиграни пет натпревари. Во фокусот беше продолжувањето на победничката серија на Голден Стејт, како и триумфот на Мемфис над Портланд во дербито. Најдобриот тим моментно во лигата Голден Стејт го оствари петиот триумф во низа.
-
Останати спортови 22.03.2015 18:28
Мазе не успеа, Фенингер ја одбрани титулата
Двојното австриско славје го потцрта Ана Фенингер која триумфираше во последниот велеслалом во сезоната и го освои големиот кристален глобус.
-
Останати спортови 22.03.2015 18:26
Фројнд му ја одзеде титулата на Превц на Планица
Словенците беа доминантни и на последниот ден во сезоната на скијачките скокови и големото финале во Планица.
-
Останати спортови 22.03.2015 18:23
За Хиршер полни раце трофеи
Австриецот Марсел Хиршер со победа и со мал кристален глобус во слаломот го украси триумфот во Светскиот куп на финалето во Марибел.










