Спорт

  • Кошарка 15.03.2015 18:43

    МЗТ Скопје и Цибона во 21 часот го затвораат претпоследното АБА коло

    Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва во 21 часот го имаат последниот натпревар на свој терен сезонава. Противник им е Цибона, поранешен двоен европски шампион и минатогодишен победник во  АБА лигата.

  • Ракомет 15.03.2015 10:29

    Младоста против искуството

    Со натпреварот против Мешков екипата на македонскиот ракометен шампион Металург најверојатно ќе го заокружи настапот во 4-тата сезона во СЕХА регионалното натпреварување без настап на завршниот турнир во Веспрем.

  • Фудбал 14.03.2015 18:40

    Ренова и натаму победнички

    Тетекс и Ренова  го отворија 20 коло од фудбалското првенство на Македонија. Ренова ја оправда фаворитската улога, победи со 2:1. Интересни 90 минути во Скопје одиграа екипите од тетовското соседство. Особено содржајно беше првото полувреме во кое беа постигнати сите три гола.

  • Кошарка 14.03.2015 18:36

    Атланта единствена со гостинска победа

    Во 9-те натпревари во американската професионална кошаркарска лига безмалку комплетна доминација на домашните екипи,со исклучок на Атланта која до 51-та сезонска победа со која и натаму е на првото место во источната конференција стигна на гости кај Феникс со 96-87.Милсап одново беше најефикасен

  • Хиршер со велеслаломскиот глобус

    Финишира сезоната во алпско скијање,а со тоа почна и распределбата на трофеите.

  • Формула 1 14.03.2015 10:09

    Доминаторот продолжува да доминира

    Луис Хамилтон ја потсети конкуренцијата кој е светски шампион и на стартот на новата сезона, извозе маестрални квалификации на Алберт Пaрк во Мелбурн, за 39-та пол позиција во неговата кариера.
     
  • Кошарка 13.03.2015 20:19

    Ирвинг феноменален, Кливленд славеше на паркетот на шампионот

    Кајри Ирвинг одигра маестрално во победата на Кливленд над Сан Антонио со 128 : 125, дури по продолжението. Најдобриот американски кошаркар за минатата година постигна 57 поени што е негов личен рекорд, а и најмногу сезонава за еден НБА кошаркар.

  • Формула 1 13.03.2015 20:15

    Формула 1 останува на МРТ и во следните 3 сезони

    Најатрактивното натпреварување во авто спортот ја стартува својата 66 сезона задутре на “Мелбурн парк“ со трката за Големата награда на Австралија. На денешниот тренинг најбрзи беа возачите на Мерцедес, Нико Розберг и Луис Хамилтон.

  • Ракомет 13.03.2015 08:40

    Се разгорува битката за плеј-офот

    Три кола остануваат до крајот на регуларниот дел во натпреварите од машката ракометна супер лига пред стартот на плеј-офот и битката за титулата во која на најдобропласираните 4 тимови  ќе им се придружат и екипите на Вардар и Металург.

  • Фудбал 13.03.2015 00:35

    Ефикасни дуели за интересни реванши!

    Квалитетни и ефикасни натпревари за интересни реванши во осминафиналето на УЕФА Европа лигата. Во осумте меча беа постигнати 23 гола или 2,8 по натпревар во просек. 

Pages