Македонскиот репрезентативец Мики Ивановски го освои бронзениот медал на првиот дел од Европското првенство во кик бокс, што се одржа во текот на изминатиот викенд во шпанскиот град Билбао.
Спорт
-
Останати спортови 27.10.2014 15:41
-
Фудбал 27.10.2014 13:34
Убиен голманот на Јужна Африка Сензо Мејива
Капитенот на фудбалската репрезентација на Јужна Африка, капитенот Сензо Мејива, бил убиен синоќа во оружен напад во домот на неговата девојка.
-
Останати спортови 27.10.2014 12:55
Скијачката луња започна
Рампата се крена во Зелден, навестувајќи возбудливо 49-то издание на Светскиот куп во алпско скијање.Актуелните лауреати, Австријците Марсел Хиршер и Ана Фенингер стартуваа со истата победничка вештина и моќ од минатата сезона.
-
Кошарка 27.10.2014 09:39
МЗТ демолиран, Звезда руши се пред себе
Македонскиот шампион доживеа висок пораз на гостувањето кај Крка, постигнувајќи најмалку поени од сите екипи, во викенд колото од регионалното кошаркарско натпреварување. -
Кошарка 26.10.2014 23:34
Соколи и Работнички со максимален ефект, пораз на Фени
Со победите против Гоце Делчев и Куманово, две од скопските екипи имаат чисто салдо по трите воведни рунди од новата сезона.
-
Останати спортови 26.10.2014 18:47
Стопроцентен ефкет на нашите хокејари
Три натпревари – три победи на хекејарите на Металург на турнирот во Софија во рамки на Балканската лига. По вчерашните успеси против „Ајс Девилс“ и „НСА“, македонскиот тим денеска триумфираше над Дњепар со 4-0.
-
Тенис 26.10.2014 18:44
Серена во серија!
Серена Вилијамс го одбрани трофејот на завршниот мастерс од тениската сезона. Во финалето во Сингапур, Американката ја совлада Симона Халеп со 6-3 и 6-0, на тој начин враќајќи и за поразот во групната фаза од турнирот. Тогаш Романката беше подобра препуштајќи и на Серена само два гема.
-
Останати спортови 26.10.2014 16:53
Фуриозен почеток на Хиршер
Марсел Хиршер со фантастична победа влезе во новата сезона од Светскиот куп во алпско скијање.25-годишниот Австриец уверливо триумфира на првиот велеслалом на патеката во Зелден.Во двете трки брзо и технички беспрекорно минуваше низ вратите.
-
Фудбал 26.10.2014 16:51
Вардар, Работнички и Шкендија продолжуваат со победи
Во денешните натпревари од 12 коло од Првата фудбалска лига лидерското трио продолжува со победи. Водечката екипа на табелата Вардар ја постигна деветтата сезонава со голот на Дашјан во 35 минута, што беше доволно за три бода против екипата на Брегалница.
-
Фудбал 26.10.2014 16:50
Металург и Пелистер одиграа без голови
Во натпреварот со Пелистер, Металург уште еднаш потврди дека тешко победува како домаќин, а битолчани дека ретко губат на гости. Тимот од Автокоманда влезе без суспендираниот Стојановски, а гостите без седдумина првотимци главно поради повреда.










