Спорт

  • Ракомет 24.08.2014 22:11

    ЖРК Вардар на фиеста во Ѓер

    Ракометарките на ЖРК Вардар триумфираа на интернационалниот турнир „Ѓер Хандбол Фиеста“.

    По вчерашната победа над актуелниот европски шампион Ѓер, денеска избраничките на Индира Кастратовиќ со 25-24 го совладаа и тимот на Ларвик.

  • Фудбал 24.08.2014 21:03

    Пандев на релација „Сан паоло“ - „Сан сиро“

    На една недела од истекот на преодниот рок, италијанските медиуми  пишуваат дека Горан Пандев е на половина пат од враќање во Милано.

  • Фудбал 24.08.2014 20:47

    Тетекс го запре триумфалниот тек на Вардар

    Претпоследиот спортски викенд во август ги понуди трите преостанати дуели од 4-то кол во во Првата фудбалска лига на Македонија.

  • Болт се повлече од Цирих

    Најбрзиот човек на светот, светскиот и олимписки првак на 100 и на 200 метри, Јусеин Болт, реши да не се натпреварува сезонава. Спринтерот на Јамајка нема да трча на 100 метри на последниот митинг од Дијамантската лига во Цирих.

  • Фудбал 24.08.2014 20:44

    Се повреди Коентрао

    Фабио Коентрао нема да игра за Реал против Кордоба, во првото коло од новата сезона во шпанската Примера дивизија. Португалскиот лев бек ја пропушти тренинг сесијата поради повреда на левото колено, што значи дека Марсело ќе добие шанса во првиот тим на Карло Анчелоти.

  • Фудбал 24.08.2014 20:43

    Медиумите тврдат: Ди Марија во Јунајтед

    Медиумите во Шпанија се убедени дека Реал Мадид и Манчестер јунајтед веќе имаат договор за Анхел Ди Марија. Според телевизијата „Ла секста“ кралскиот клуб може да заработи дури 90 милиони евра од евентуалниот трансфер на аргентинскиот репрезентативец.

  • Формула 1 24.08.2014 16:14

    Трета победа за Даниел Рикиардо, сезонава и во кариерата

    Австралиецот одлично ја одработе трката и заслужено стигна до пехарот на Спа, ако претпоставките беа дека во претходните две, Канада и Унгарија, можеби и случајно се наоѓаше во комбинација за триумф.

  • Фудбал 23.08.2014 20:53

    Две нерешени во Скопје

    Фудбалерите на Металург пропуштија шанса да го преземат врвот по дербито со шкендија во четвртото коло од Првата македонска фудбалска лига. И другиот натпревар од саботната програма заврши нерешено. Работнички не успеа да се израдува на втората победа по ред во шампионатот.

  • Поп Ацев втор, Стефановски осми

    Брајан Рикеман од Белгија победи на 28-то издание на Охридскиот пливачки маратон со време 5,41,47. Нашиот Евгениј Поп Ацев го освои второто место со заостанување од 42 стотинки, а трет беше Французинот Жан Еден.

  • Кошарка 23.08.2014 17:09

    Уште две постојки до Евробаскетот 2015

    Македонските кошаркари се пред остварување на целта. Во квалификациите за Евробаскетот во 2015-та сите параметри се на страна на нашиот национален состав. Со досегашниот ефект македонската репрезентација го заврши главниот дел од работата.

Pages