Спорт

  • Фудбал 22.08.2014 12:44

    Зенит „загреан“ за Гуарин

    Голема е веројатноста дефанзивецот на Интер Фреди Гуарин да замине во Зенит. Двата клуба веќе преговараат, а медиумите шпекулираат со цена од 16 милиони евра. Колумбиецот сака да го напушти Милано подолго време, поточно откако го загуби местото во првиот тим.

  • Кошарка 22.08.2014 12:42

    Дејвис го напушти МЗТ

    Кејд Дејвис ќе замине од МЗТ Скопје Аеродром. Американскиот интернационалец не се договори со македонскиот кошаркарски првак за продолжување на соработката, па поради тоа реши да замине во грчкиот тим Неа Кифисиа.

  • Фудбал 22.08.2014 12:29

    Хауард сака одмор од репрзентацијата

    Голманот на САД Тим Хауард нема да игра за националниот тим наредната година. 35-годишниот чувар на мрежата реши привремено да и стави крај на репрезентативната кариера и повеќе да му се посвети на семејството.

  • Ракомет 22.08.2014 11:45

    Можеше и поинаку

    Можеа многу повеќе, а останаа да се надеваат на избегнување на дното. Нашите млади ракометни надежи до 18 години денеска го започнуваат првиот од двата последни настапи на Европското во Полска.

  • Фудбал 21.08.2014 20:44

    Пелистер во осминафиналето!

    Пелистер не дозволи изненадување во дуелот со третолигашот Вулкан и се пласираше во осминафиналето на фудбалскиот  Куп на Македонија. Битолчани, кои имаат еден трофеј, славеа како гости со 2:0 со головите на Марковски во 53-та и во 80-та минута.

  • Фудбал 21.08.2014 16:58

    Ибраими и Марибор на победа во Глазгов!

    Во ситуација кога Пандев е во немилост на тренерот на Наполи, Бенитез кој не го ни пријави за настап во плеј – офот, Ибраими е единствениот потенцијален македонски претставник во Лигата на шампионите.

  • Фудбал 21.08.2014 15:04

    Билиќ суспендиран за реваншот во Лондон

    Славен Билиќ нема да го предводи Бешикташ од клупата на реваншот од плеј –оф рундата во фудбалската Лига на шампионите против Арсенал. Хрватскиот стратег беше исклучен во 94-та минута на првиот натпревар во Истанбул поради остра реакција кон главниот судија Милорад Мажиќ.

  • Фудбал 21.08.2014 15:01

    Атлетико размислува за Пандев?!

    Престижниот шпански весник „Марка“  го поврзува нашиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев со Атлетико Мадрид.

  • Кошарка 21.08.2014 14:35
  • Дијамантската треска се пресели во Стокхолм

    Олимпискиот стадион во Стокхолм, еден од „столетните“ светски атлетскицентри, вечер ќе е 11-та станица од престижната Дијамантска лига.

Pages