Спорт

  • Фудбал 17.08.2014 20:28

    Вардар триумфално и низ Штип!

    Без нерешено во третото коло од првата Македонска фудбалска лига. И во единаесетото првенствено гостување во Штип, Вардар не загуби од Брегалница, напротив славеше со 2:1.

  • Кошарка 17.08.2014 19:16

    Пред Македонија падна и Белорусија!

    Подмладена, па и ослабена, ама македонската кошаркарска репрезентација победува и се доближува до Европското првенство наредната година.

  • Тенис 17.08.2014 17:29

    Може ли Ферер да го совлада Федерер?

    Нема стари, само добри тенисери, потврда за тоа  е финалето на седмиот од девете мастерс турнири од серијата 1000, меѓу Федерер и Ферер.

  • Ракомет 17.08.2014 17:27

    Катастрофа од Данска!

    Македонските ракометари до 18 години и по третпат се поразени на Европскиот шампионат во Полска. Данска којашто досега на 11-те европски првенства во оваа категорија има шест медали и тоа злато од 2001-ва и две сребра и три бронзи триумираше со 38:20.

  • Фудбал 16.08.2014 13:26

    Легија побара заштита од Судот за спортска арбитража

    Легија ја обжали одлуката на УЕФА за нејзина дисквалификација од Лигата на шампионите поради теничката грешка со настап на фудбалер чијашто суспензија не е истечена, на дуелот со Селтик во третото квалификациско коло.

  • Фудбал 16.08.2014 13:24

    Евертон остана без Баркли

    Евертон ќе ја почне сезоната во Премиер лигата без услугите на Рос Баркли. Англискиот репрезентативец се повреди на вчерашниот тренинг на „карамелите“.

  • Фудбал 16.08.2014 13:23

    Оскар му ја отстапи 11-та на Дрогба

    Дидие Дрогба јавно му се заблагодари на својот соиграч Оскар кој му го отстапи дресот со број 11 на повозрасниот колега. Со оваа бројка Дрогба играше за лондонските сини во првиот престој на „Стемфорд Бриџ“, а летово, откако повторно потпиша за Челзи играше во дресот со број 15.

  • Ракомет 16.08.2014 13:21

    Вардар – Металург, а кој друг?

    Традиционалниот струшки ракометен турнир го доби посакуваниот епилог. Во финалето ќе играат нашите гиганти Вардар и Металург.

  • Фудбал 16.08.2014 13:19

    Шампионот за први бодови!

    Работнички и Тетекс ќе бидат противници во воведниот натпревар од третото коло во Првата македонска фудбалска лига. На арената „Филип втори“ шампионот ќе се обиде да ги освои првите бодови сезонава, а „штофарите“ веќе имаат еден, иако досега не постигнаа гол. Почетниот удар е од 20 часот.

  • Ракомет 15.08.2014 16:51

    Нашите ракометни надежи поразени и од Шпанија

    Македонската ракометна репрезентација за играчи до 18 годишна возраст го доживеа и вториот пораз на Е П во Полска. На натпреварот од 2 коло од „Б“ групата во Гдањск, нашата селекција е убедливо поразена од Шпанија со 13 гола разлика.

Pages