Фудбалерите на Интер и Барселона вечерва ќе ги одмерат силите во реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите. По спектакуларниот прв дуел во Барселона, во кој Интер водеше 2:0 и 3:2, екипите влегуваат во реванш изедначени откако првиот натпревар заврши 3:3.
Спорт
-
Фудбал 06.05.2025 09:27
-
Кошарка 06.05.2025 09:13
Јута го продолжи договорот со тренерот Харди
НБА лигашот Јута Џез објави дека главниот тренер Вил Харди потпишал продолжување на договорот што би можело да го задржи на клупата до сезоната 2030/31.
Харди ќе ја почне својата четврта сезона на клупата на Јута наесен.
-
Формула 1 05.05.2025 17:09
Хамилтон ги критикува перформансите и стратегијата на Ферари
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, го критикуваше тимот за предолго донесување одлуки за време на Големата награда на Мајами.
-
Тенис 05.05.2025 12:06
Истече дисквалификацијата на Синер
Заврши суспензијата на светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер која траеше од 9 февруари до 4 мај.
Тенисерот во февруари склучи договор со ВАДА, според кој мора да одлежи тримесечна дисквалификација поради прекршување на антидопинг правилата.
-
Тенис 30.04.2025 08:45
Ѓоковиќ го пропушта „Мастерс“ турнирот во Рим
Новак Ѓоковиќ нема да игра на Мастерс 1000 турнирот на земјена подлога во Рим во мај. Ова исто така фрла сомнеж врз неговото учество на Ролан Гарос подоцна во сезоната.
-
Ракомет 29.04.2025 16:49
Алкалоид на домашен терен ќе го игра реваншот со АЕК во финалето на Европскиот куп
Ракометарите на Алкалоид ќе имаат шанса пред своите навивачи да го освојат трофејот во Европскиот куп.
На денешната жрепка во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беше одлучено Алкалоид прво да гостува во Атина, а во возвратниот меч да биде домаќин.
-
Кошарка 29.04.2025 13:55
Кари прогласен за соиграч на годината во НБА
Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, ја доби наградата Твајман/Стоукс, која се доделува секоја година на играч кој е пример за тимска работа, тимска посветеност и пример за најдобрите квалитети на и надвор од теренот.
-
Кошарка 28.04.2025 09:56
Индијана и Бостон стигнаа до трети победи во 1 коло на НБА плејоф серијата
Екипите на Индијана пејсерс и Бостон селтикс се на чекор до второто коло на плејофот во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.
Бостон ноќеска на гости го совлада Орландо меџик со 107:98, додека Индијана се радуваше на теренот на Милвоки бакс со 129:103.
-
Фудбал 28.04.2025 09:25
ФФМ: Целосно ќе го исчистиме ѓубрето во македонскиот фудбал
„Криминалните структури и ѓубрето во фудбалот целосно ќе бидат исчистени“, соопшти вечерва Фудбалската федерација на Македонија, откако ФК Гостивар го напушти теренот на натпреварот против Работнички во рамки на 29 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), следејќи го примерот на Воска кој
-
Кошарка 24.04.2025 11:25
Објавени номинираните за наградата Карим Абдул – Џабар
Американската професионална кошаркарска лига НБА денеска ги објави имињата на петте играчи номинирани за наградата Карим Абдул Џабар, која се доделува на играчот кој направил најмногу на полето на борбата за социјална правда.


