Данците, кои се стремат кон четврта последователна титула, победија со 32:21 (17:7) против Тунис во Хернинг во второто коло во групата Б на шампионатот и го заземаа првото место со 4 бода. Матијас Гидсел постигна 9 гола за тимот на Келд Вилхелмсен.
Спорт
-
Ракомет 17.01.2025 10:39
-
Фудбал 17.01.2025 10:35
Барселона продаде 475 ВИП места на „Камп Ноу“ за 100 милиони евра
Управата на Барселона информира за продажба на ВИП места на „Камп Ноу“. Клубот постигна договор со двајца инвеститори од Блискиот Исток за продажба на 475 места за период до 30 години.
Забележано е дека купувачите можат или сами да користат ВИП места или да ги препродаваат.
-
Ракомет 17.01.2025 10:08
Македонија против Холандија во второто коло од Светското првенство во ракомет
Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра дуелот со Холандија од второто коло на Светското првенство. Турнирот го почнавме добро со реми против фаворитот Унгарија иако имавме големи шанси и да го освоиме цел плен и да почнеме со победа во рамки на групата Д.
-
Фудбал 16.01.2025 09:43
Араухо и Барселона го продолжија договорот
Барселона и Роналд Араухо се договорија за продолжување на соработката, ставајќи крај на шпекулациите околу иднината на Уругваецот.
Спортскиот директор на Каталонците, Деко разговарал со дефанзивецот, што резултирало со вербален договор, објави новинарот Фабрицио Романо.
-
Ракомет 16.01.2025 09:13
Македонија одигра реми против Унгарија, Кузмановски најефикасен играч
Македонија синоќа одигра нерешено со Унгарија на првиот натпревар на Светското ракометно првенство во Вараждин, Хрватска, 27:27 (14:14) и освои еден бод.
Капитенот Филип Кузмановски синоќа со 10 гола беше најефикасен играч и најдобар поединец на натпреварот Македонија – Унгарија 27-27.
-
Ракомет 15.01.2025 13:10
Македонските ракометари на мегдан со Унгарците
Сите очи на македонската спортска јавност вперени кон Вараждин, каде нашите ракометари вечерва го играат првиот натпревар на Светското првенство против Унгарија. За очекувањата, во ова информативно издание од Хрватска известува Дамјан Николовски.
-
Ракомет 14.01.2025 09:57
Денеска почнува 29 -то Светското првенство во ракомет
Со натпреварот Италија – Тунис, вечер од 17:30 часот во Пореч, Хрватска ќе почне 29-от ракометен Мундијал.
Покрај Хрватска, ко-домаќини на Светското првенство ќе бидат и Данска и Норвешка.
-
Тенис 13.01.2025 14:09
Ѓоковиќ се изедначи со настапите на Федерер на Грен слем турнирите
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес го победи Американецот Нишеш Басавареди во првото коло на Австралија Опен во 2025 година.
-
Тенис 13.01.2025 12:51
Синер го доби првиот натпревар на Австралија Опен 2025
Првиот светски рекет, Јаник Синер се пласираше во второто коло на Австралија Опен во 2025 година.
На стартот на турнирот Италијанецот го победи чилеанскиот тенисер Николас Жари за 2 часа и 42 минути со 7:6 (7:2), 7:6 (7:5) и 6:1.
-
Ракомет 09.01.2025 09:53
Македонските ракометари загубија од Хрватска во контролен натпревар пред СП 2025
Македонската ракометна репрезентација синоќа во Вараждин загуби од Хрватска со 27:25 во пријателски натпревар пред почетокот на Светското првенство 2025.








