Скокачот со стап Арман Дуплантис и гимнастичарката Симон Билс се прогласени за спортисти на годината – „Лауреус“ за 2024 година.
Доделувањето на наградите се одржа вчеравечер во Мадрид.
Скокачот со стап Арман Дуплантис и гимнастичарката Симон Билс се прогласени за спортисти на годината – „Лауреус“ за 2024 година.
Доделувањето на наградите се одржа вчеравечер во Мадрид.
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар вечерва во Скопје ќе му биде домаќин на поранешниот европски и светски првак Црвена ѕвезда во хуманитарен натпревар од кој целиот приход ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани, во која загинаа 61 лице.
Кошаркарите на Голден Стејт се пласираа во првото коло од плеј- офот на Западната конференција во НБА, совладувајќи го Мемфис рано утрово на својот терен во Сан Франциско со 121:116.
Објавен е веројатниот датум за враќање на Барселона на стадионот „Камп Ноу“. Клубот очекува да ја заврши реконструкцијата во септември оваа година. Капацитетот на стадионот по завршувањето на сите процеси се очекува да биде 105 илјади гледачи.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е во процес за имплементација на ВАР систем во македонскиот фудбал, со што ќе се направи значаен чекор во модернизацијата на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), соопштија од Федерацијата.
НБА лигашот Денвер Нагетс ги отпушти тренерот Мајкл Мелоун и генералниот директор Калвин Бут. Досегашниот главен помошник тренер Дејвид Аделман ќе биде вршител на должноста шеф на стручниот штаб на Денвер, тврди познатиот инсајдер во НБА лигата, Шамс Чарани.
Арсенал е главен фаворит за Лигата на шампионите според Суперкомпјутерот на британска компанија за спортска анализа „Опта“.
Избраниците на Микел Артета вчера го совладаа Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето на турнирот со 3:0.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, ги сподели своите впечатоци пред неговиот рекорден 18-ти настап на Мастерс турнирот во Монте Карло.
Европската фудбалска федерација (УЕФА) го отвори процесот на аплицирање за купување билети за овогодишните финалиња во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.
Парична награда во износ од 1,5 милиони денари ќе добијат македонските ракометарки доколку успеат да се пласираат на Светското првенство, објави вечерва Ракометната федерација на Македонија (РФМ).