Министерството за спорт во првите шест месеци од формирањето успешно ги реализираше сите планирани капитални инвестиции за оваа фискална година.
Спорт
-
Останати спортови 27.12.2024 13:22
-
Фудбал 27.12.2024 10:06
Објавена листата на фудбалери кои се главни претенденти за освојување на Златната топка
Спортскиот портал „Goal“ ја претстави ажурираната ранг-листа на фудбалери кои се главни претенденти за освојување на Златната топка следната година.
-
Останати спортови 25.12.2024 21:43
Милијана Рељиќ и Бобан Илиоски избрани за спортисти на годината
Признанието спортист на годината за 2024 му припадна на кикбоксерот Бобан Илиоски, европски шампион во категоријата до 86 кг. на ЕП во Атина.
Најдобра спортистка за 2024 година е таеквондистката Милијана Рељиќ, македонска олимпијка и четвртфналистка од Олимписките игри во Париз.
-
Фудбал 25.12.2024 10:19
Клубот на Валенсија доби нов тренер
Од редовите на Валенсија доцна синоќа го потврдија новиот тренер и тоа Карлос Кобреран кој го напушти Вест Бромвич Албион за да се пресели во клубот каде што настапува нашиот Столе Димитриевски.
-
Кошарка 24.12.2024 13:52
Јаничиќ ќе биде дел од НБА кампот за 2025 година
Македонскиот јуниорски кошаркарски репрезентативец, Никола Јаничиќ ќе биде дел од НБА камп за 2025 година.
-
Фудбал 24.12.2024 13:39
Инфантино и Графстром упатија писмо со честитка до Омерагиќ
Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска Асоцијација (ФИФА) испрати писмо со честитки до Масар Омерагиќ за неговиот избор за претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
-
Ракомет 23.12.2024 09:06
Македонските ракометари ги стартуваа подготовките за СП
По утринскиот собир во Скопје, македонските ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров денеска заминаа за Стара Пазова каде ќе го одработат првиот дел од подготовките за претстојното Светско првенство.
-
Фудбал 23.12.2024 08:59
Омерагиќ нов претседател на ФФМ
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска на вонредно собрание во Скопје со акламација го избра Масар Омерагиќ за нов претседател.
-
Кошарка 20.12.2024 14:25
Леброн лидер во НБА по најмногу минути игра
Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс го престигна Карим Абдул-Џабар и стана лидер по вкупниот број на минути поминати на теренот во историјата на НБА-лигата.
Четириесетгодишниот Американец ноќеска на средбата со Сакраменто ја надмина границата од 57.446 минути.
-
Фудбал 19.12.2024 11:51
Македонија годината ја завршува на 67 место на ФИФА ранг-листата
Македонската фудбалска репрезентација го задржа 67 место на најновата ранг-листа на ФИФА објавена денеска.
Последното рангирање во 2024 година не донесе ниту една поголема промена и Македонија остана на 67 место со 1368,96 бодови, колку што имаше и минатиот месец.








