ФИФА синоќа ги додели своите годишни награди „Најдобрите“. Ова се вторите најпрестижни признанија по „Златната топка“. Винисиус Жуниор е избран за „Фудбалер на годината“ за 2024 година. Тој лично ја прими својата награда од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Спорт
-
Фудбал 18.12.2024 10:24
-
Кошарка 18.12.2024 10:18
НБА Ол-стар натпреварот ќе се одржи во турнирски формат
Ол-стар натпреварот на Националната кошаркарска асоцијација (НБА) ќе биде турнир оваа сезона, а лигата во вторник објави дека ги финализирала плановите да користи поинаков формат за претстојното шоу во полусезоната во Сан Франциско.
-
Кошарка 18.12.2024 09:05
Кошаркарите на Милвоки Бакс го освоија НБА купот
Милвоки до победата го предводеше одличниот Јанис Адетокунбо, кој забележа трипл-дабл учинок и стана МВП на НБА купот.
Кошаркарите на Милвоки Бакс го освоија НБА купот откако со 97:81 ноќеска го совладаа Оклахома Сити Тандер во финалето.
-
Ракомет 16.12.2024 12:45
Норвешка по десетти пат ја освои европската титула во ракомет за жени
Репрезентацијата на Норвешка по рекорден десетти пат ја освои европската титула во ракомет за жени.
-
Фудбал 13.12.2024 15:25
Македонија ги дозна ривалите за пласман на Светското првенство во 2026
Македонската фудбалска репрезентација денеска ги доби ривалите во квалификациската група за пласман на Светското првенство 2026 година кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
-
Тенис 12.12.2024 12:26
Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха
Новак Ѓоковиќ за прв пат од 2019 година ќе игра на турнирот во Доха, кој од следната сезона ќе биде категоризиран како АТП 500.
Во ноември, Ѓоковиќ стана амбасадор на „Катар ервејс“, една од целите на соработката беше да се зголеми престижот на турнирот во Катар.
-
Кошарка 12.12.2024 10:29
Атланта се пласираше во полуфиналето на НБА Купот
Атланта ноќеска го победи Њујорк во четвртфиналето на НБА Купот со 108:100.
Напаѓачот на Хокс, Де'Андре Хантер постигна 24 поени и беше најефикасниот играч на натпреварот. Дабл-дабл забележа Треј Јанг со 22 поени и 11 асистенции.
-
Останати спортови 12.12.2024 10:18
Објавени номинациите за спортист на Македонија во 2024 година
Сојузот на спортови и Министерството за спорт на Македонија ги објавија номинациите за најдобрите спортисти за 2024 година. Традиционално, на крајот на секоја календарска година ќе бидат прогласени најуспешните по категории.
-
Формула 1 12.12.2024 10:12
Верстапен заработи 75 милиони евра
Холандскиот возач, Макс Верстапен не само што освои нова шампионска титула во Формула 1, туку заработи и најмногу пари од сите пилоти во „најбрзиот циркус на светот“.
-
Фудбал 11.12.2024 18:16
ФИФА потврди дека Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Мундијалот во 2034
Светската фудбалска организација (ФИФА) денеска и официјално потврди дека Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Мундијалот во 2034, додека четири претходно Светското првенство ќе се одржи на три континенти во шест различни држави.





