Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо викендот постигна еден гол на натпреварот од 6. коло на шампионатот на Саудиска Арабија против Ал-Оруба (3:0).
Спорт
-
Фудбал 07.10.2024 09:23
-
Тенис 07.10.2024 09:16
Коко Гоф го освои ВТА турнирот во Пекинг
Американската тенисерка Коко Гоф го освои ВТА турнирот во Пекинг, откако во финалето ја совлада Чешката тенисерка Каролина Мухова со 6:1, 6:3.
-
Ракомет 04.10.2024 10:25
Веспрем е победник на Светското клупско првенство во ракомет во Каиро
Веспрем е победник на 17 издание на Светското клупско првенство во ракомет во Каиро, Египет, откако во финалето по продолженијата го совлада двократниот освојувач на титулата Магдебург со 34:33.
-
Фудбал 03.10.2024 09:11
Меси го освои 46-от трофеј во кариерата
Капитенот на Интер Мајами, Лионел Меси го освои 46-от трофеј во кариерата. Аргентинецот со Интер Мајами станаа шампиони во регуларнито дел од сезоната во МЛС-лигата освојувајќи го трофејот „Supporters’ Shield“.
-
Фудбал 02.10.2024 09:14
Роналдо: Не ме интересираат веќе личните рекорди
Фудбалерот на саудискиот клуб Ал Наср, Кристијано Роналдо, кој го постигна својот 904-ти гол на натпреварот против Ал Рајан, изјави дека во иднина не го интересираат личните најдобри резултати, објави Л’Екип.
-
Кошарка 02.10.2024 09:10
Победнички старт на Пелистер во АБА 2
Кошаркарите на Пелистер со победа стартуваа во регионалната АБА 2 лига. Вчера вечер во Битола триумфираа над Широки Брег со 74-72 во рамки на воведното коло во групата Ц.
-
Формула 1 01.10.2024 09:50
Рено ќе престане да произведува мотори за Формула 1 по 2025 година
Компанијата Рено ќе престане да произведува мотори за Формула 1 по 2025 година, пишува „Autosport“.
Производствениот погон „Viry-Châtillon“ ќе биде претворен во центар каде што ќе се развиваат технологии за употреба во возилата на Рено и Алпин.
-
Фудбал 01.10.2024 09:43
Барселона потпиша нов договор со Марк Бернал
Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека Марк Бернал денеска потпишал нов договор. Тоа е последниот играч од средниот ред, роден во 2007 година, кој експлодираше летово за време на претсезоната со Ханси Флик, но за жал заработи тешка повреда на коленото поради која ќе отсуствува една година.
-
Останати спортови 30.09.2024 10:58
Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар стана светски шампион
Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар стана светски шампион, откако ја обезбеди титулата на шампионатот што се одржа во Цирих, Швајцарија.
Тој ја комплетираше „тројната круна“, бидејќи покрај оваа титула претходно беше победник на Тур Д’Франс и на Џиро Д’Италија.
-
Фудбал 30.09.2024 10:51
Саудискиот Ал-Наср му понуди нов договор на Роналдо
Саудискиот Ал-Наср започнал преговори за продолжување на договорот на португалската ѕвезда Кристијано Роналдо.
Актуелниот договор на 39-годишниот португалски фудбалер истекува во јуни следната година. Роналдо е еден од најплатените спортисти во моментов.










