Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди поради повреда заработена на последниот натпревар за својот клуб Трабзонспор, не е во можност да игра на натпреварите против Хрватска и со Чешка.
Спорт
-
Фудбал 28.05.2024 10:55
-
Формула 1 27.05.2024 10:04
Леклер конечно победи во Монте Карло
Возачот на Ферари, Шарл Леклер победи на вчерашната трка во Формула 1 за Големата награда на Монако.
-
Фудбал 27.05.2024 10:00
Вардар го зачува прволигашкиот статус
Фудбалерите на Вардар и следната сезона ќе играат во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако вчера го совладаа третопласираниот тим во второлигашката конкуренција Детонит Плачковица со 2-0 (2-0) во баражот во Струмица.
-
Кошарка 27.05.2024 09:55
Далас на чекор од пласман во финалето на НБА плејофот
Далас ноќеска ја победи Минесота со 116:107 во третиот натпревар од полуфиналната серија на НБА плејофот.
Најпродуктивни играчи на паркетот беа напаѓачот на Маверикс, Лука Дончиќ и неговиот соиграч Кајри Ирвинг, кои постигнаа по 33 поени.
-
Кошарка 25.05.2024 21:10
Кошаркарите на МЗТ Скопје со победа над Пелистер
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и по трет пат беа подобри од Пелистер со резултат 78:67 во финалната серија од Првата македонска лига за конечни 3-0 и вкупно 11 шампионско одличје во историјата.
-
Тенис 22.05.2024 11:04
Ѓорческа го заврши настапот на Ролан Гарос
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши настапот на Ролан Гарос.
-
Фудбал 22.05.2024 10:59
Димитриевски пред потпис со Валенсија
Македонскиот голман Столе Димитриевски е пред потпис со шпанска Валенсија, пренесуваат повеќе медиуми.
Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо објави дека нашиот голман ги поминал лекарските прегледи и повеќе не постојат пречки да стане играч на тимот од „Местаља“.
-
Кошарка 22.05.2024 10:55
Бостон со победа ја започна полуфиналната серија против Индијана
Кошаркарите на Бостон Селтикс поведоа со 1:0 во полуфиналната серија на НБА плејофот. Селтикс ноќеска на домашен терен славеа победа по продолжение со 133:128.
Најпродуктивниот играч на средбата беше Џејсон Тејтум, кој забележа дабл-дабл со 36 поени и 12 скока.
-
Фудбал 22.05.2024 10:00
Мбапе нема да игра на Олимпијадата во Париз
Францускиот фудбалер, Килијан Мбапе нема да игра на Олимписките игри во Париз. Реал Мадрид, кој има намера да го ангажира 25-годишниот Французин, смета на напаѓачот во август и нема да го пушти на Игрите во 2024 година, пренесуваат шпанските медиуми.
-
Ракомет 20.05.2024 09:34
Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија
Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.






