Пари Сен-Жермен може да биде исфрлен од Лигата на шампионите поради неплаќање долгови кон поранешниот играч на тимот Килијан Мбапе.
Спорт
-
Фудбал 20.08.2024 18:47
-
Тенис 20.08.2024 16:00
Синер го освои Мастерсот во Синсинати
Италијанскиот тенисер Јаник Синер ноќеска го победи Американецот Френсис Тиафо во финалето на турнирот во Синсинати, САД со резултат 7:6 (7:4) и 6:2.
-
Фудбал 18.08.2024 17:41
Ал-Наср го отпушти тренерот по поразот во натпреварот од Суперкупот
Ал-Наср го отпушти тренерот Луис Кастро по поразот на натпреварот од Суперкупот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:4). Претседателот на бордот на директори, Ибрахим Ал-Мухадиб, во блиска иднина ќе бара нов тренер.
-
Тенис 18.08.2024 11:43
Формирани полуфиналните двојки на Мастерсот во Синсинати
Данецот Холгер Руне ноќеска го победи Британецот Џек Дрејпер во четвртфиналето на турнирот од серијата АТП 1000 во Синсинати, САД со 2:0, по сетови 6:4 и 6:2.
Во полуфиналето на Мастерсот, Руне ќе се сретне со Американецот Френсис Тиафо.
-
Останати спортови 12.08.2024 09:42
Затворени 33.Олимписки игри
Згасна Олимпискиот оган на 33-те Летни олимписки игри чиј домаќин беше Париз. На спектакуларната свечена церемонија во фокусот беа спортистите и обединувачката моќ на Олимписките игри. На затворањето беше претставен и Лос Анџелес, градот домаќин на наредните Летни игри во 2028 година.
-
Останати спортови 09.08.2024 14:18
Викендов Македонија домаќин на Европскиот џудо куп
Џудо федерацијата на Македонија викендов ќе биде домаќин на вториот по ред Европски јуниорски џудо куп – Скопје 2024, којшто ќе се одржува во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје и тоа од 09 до 11 август.
-
Останати спортови 09.08.2024 10:05
Тебого стана нов олимписки шампион во престижната атлетска трка на 200 метри
Летсил Тебого стана нов олимписки шампион во престижната атлетска трка на 200 метри, оставајќи го главниот фаворит Ноа Лајлс без „планираниот“ златен медал.
Тебого, со време 19,46, постави нов рекорд на Африка, а и го донесе првото олимписко злато на неговата Боцвана.
-
Кошарка 06.08.2024 20:33
Кошаркарската репрезентација на Србија ја победи Австралија
Кошаркарската репрезентација на Србија се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри во Париз откако ја совлада Австралија со 95:90 после продолженија со што станаа вториот полуфиналист на олимпискиот турнир во Париз.
-
Фудбал 06.08.2024 10:13
Шпанија го победи Мароко и си обезбеди пласман во финале во ЛОИ
Шпанската репрезентација го повтори рекордот на Бразил за пласман во финалето на Олимписките игри – пет пати. Репрезентацијата на Шпанија вчеравечер го победи Мароко во полуфиналето на фудбалскиот турнир на Олимпијадата 2024 година со резултат 2:1.
-
Кошарка 05.08.2024 12:09
Македонија ја совлада Австрија во финалето на Европското првенство „Б“ дивизија
Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија ја совлада Австрија во финалето на Европското првенство „Б“ дивизија со 98-88 и го освои пехарот на натпреварувањето кое во изминатиов период се одржуваше во главниот град на земјава.









