Директорот на организацискиот одбор за Олимпијадата во Париз, Тони Естанге, изјави дека буџетот за претстојните игри може да се зголеми за да се обезбеди безбедност на спортските делегации.
Спорт
-
Останати спортови 29.01.2024 18:54
-
Фудбал 29.01.2024 15:52
Серхио Рамос го престигна Меси по одиграни натпревари во Ла Лига
Натпреварот од 22. коло на шпанското првенство одигран вчера против Осасуна (1:1) беше 521. за фудбалерот на Севилја, Серхио Рамос во Примера.
-
Ракомет 28.01.2024 20:17
Франција е новиот Европски шампион
Ракометната репрезентација на Франција е новиот европски првак откако во драматично финале успеа да го совлада светскиот првак Данска со 33-31, во завршницата што беше решена со две продолженија од по пет минути.
-
Ракомет 28.01.2024 17:28
Шведска со бронзен медал на ЕП 2024
Шведска го освои бронзениот медал на Европското првенство во Германија откако во мечот за третото место славеше над домаќинот со 34-31.
-
Тенис 28.01.2024 15:04
Синер триумфираше на Австралија опен
Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на Австралија опен, откако попладнево во финалето на грен – слем турнирот во Мелбурн го совлада Русинот Данил Медведев со 3-6, 3-6, 6-4, 6-4,6-3.
Дуелот траеше три часа и 46 минути и донесе врвен тенис.
-
Тенис 27.01.2024 15:06
Сабаленка ја одбрани титулата на Австралија опен
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка претпладнево ја победи Чинвен Женг од Кина во финалето на Австралија Опен 2024.
Мечот што траеше 1 час и 15 минути заврши со 2:0, по сетови 6:3 и 6:2.
Вкупниот награден фонд годинава на Австралија опен изнесува 58,9 милиони долари.
-
Кошарка 27.01.2024 14:59
Дончиќ стана четвртиот играч во историјата на НБА со 73 поени
Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ постигна 73 поени ноќеска на натпреварот од регуларниот дел од НБА сезоната против Атланта (148:143).
Според веб-страницата на НБА, Дончиќ постави нов личен рекорд за постигнати поени во натпревар од регуларниот дел од сезоната.
-
Фудбал 26.01.2024 13:44
Клоп го напушта Ливерпул на крајот од сезоната
Тренерот на англискиот фудбалски прволигаш Ливерпул, Јирген Клоп (56), одлучи да го напушти клубот на крајот од сезоната во Премиер лигата. Информацијата попладнево ја потврди Ливерпул, објавувајќи драматично видеообраќање на германскиот стратег.
-
Тенис 26.01.2024 12:12
Ѓоковиќ остана без титула на Австралија Опен
Италијанецот Јаник Синер е првиот финалист на Австралија Опен, откако во полуфиналниот двобој го совлада десеткратниот освојувач на грен – слем турнирот во Мелбурн, Србинот Новак Ѓоковиќ.
-
Тенис 25.01.2024 14:26
Сабаленка и Женг во финалето на Австралија опен
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ќе игра против кинеската тенисерка Чинвен Женг во финалето на Австралија опен
Сабаленка претпладнево ја победи Американката Кори Гауф во два сета во полуфиналниот меч на Австралија опен.







