На почетокот на 2024 година на 10-ти јануари ќе стартува и Европското ракометно првенство во Германија на кое учесник ќе биде и Македонија.
Спорт
-
Ракомет 22.12.2023 11:42
-
Фудбал 21.12.2023 11:05
Бојан Миовски со два гола му донесе победа на Абердин
Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ги постигна двата гола синоќа во победата на Абердин над Ливингстон.
Гостите први дојдоа во водство, но Македонецот погоди за изедначување во финишот на првиот дел, додека во 65. минута ги постави конечните 2:1.
-
Кошарка 21.12.2023 10:57
Нагетси славеа против Репторси
Нагетси славеа на гостувањето против Репторси со конечен резултат 113:104. Јокиќ на овој меч го запиша својот 400 „дабл-дабл“ учинок во кариерата.
Во Западната конференција Денвер е на третото место со учинок (19-10), додека Торонто е на 12 позиција на Истокот (11-16).
-
Фудбал 19.12.2023 14:13
Модриќ: Среќен сум во Реал
Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ порача оти е среќен во редовите на мадридски Реал, но не даде прецизен одговор дали ќе остане во Кралскиот клуб откако идниот јуни ќе му истече договорот.
-
Фудбал 18.12.2023 14:51
Хари Кејн со нов рекорд на Бундеслигата
Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн беше двоен стрелец на натпреварот од 15. коло во германското првенство синоќа против Штутгарт (3:0). Кејн по вчерашниот дуел против Штутгарт во која Баварците славеа, собори уште еден рекорд.
-
Ракомет 15.12.2023 19:01
Лазаров ја објави потесната листа со 19 играчи за ЕП во Германија
Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров од поширокиот список пријавен во ЕХФ со 35 играчи, денеска ја направи првата потесна селекција на играчите со кои ќе настапат „црвено-жолтите“ на ЕП-2024 во Германија.
-
Тенис 13.12.2023 17:44
Кирјос: Не сакам повеќе да играм тенис
Австралиецот Ник Кирјос призна дека повеќе не сака да игра тенис.
-
Фудбал 12.12.2023 15:18
Гвардиола, Артета, Анчелоти, Чави и Скалони во потесниот избор за наградата тренер на годината
Објавени се имињата на номинираните за наградата најдобар тренер на годината во изборот на „Globe Soccer Awards“.
Организаторите на наградата ја објавија конечната листа на кандидати за наградата најдобар тренер за 2023 година.
-
Тенис 11.12.2023 12:06
Финалето Ѓоковиќ – Алкараз во Синсинати најдобар тениски дуел во 2023
Финалето на Мастерсот во Синсинати во кое Новак Ѓоковиќ го совлада Карлос Алкараз со 2-1 (5-7, 7-6, 7-6) по три часа и 49 минути игра е прогласен за најдобриот тениски дуел во 2023 година во избор на Светската тениска федерација (АТП).
-
Останати спортови 10.12.2023 20:03
Македонскиот каратист Стојановиќ го освои сребрениот медал во У21 Светската лига
Македонскиот каратист Стефан Стојановиќ постигна голем успех на последниот турнир од серијата во Светската младинска карате лига што викендов се одржуваше во Венеција, освојувајќи го сребрениот медал во категоријата над 84 килограми.










