Сите подготовки за општите избори во Босна и Херцеговина, кои треба да се одржат в недела, на 4 октомври, се завршени. За регуларност ќе се грижат голем број домашни и меѓународни набљудувачи, соопшти Централната изборна комисија.
-
Свет 03.10.2026 13:26
-
Свет 03.10.2026 12:39
Трамп: Војната со Иран наскоро ќе заврши
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран наскоро ќе заврши, предвидувајќи дека цените на нафтата нагло ќе паднат штом конфликтот ќе запре. Нарекувајќи го Иран „насилник на Блискиот Исток“, Трамп изјави дека Техеран „никогаш нема да има нуклеарно оружје“.
-
Свет 03.10.2026 11:41
Нов напад со дронови врз мост во Киев
Русија погоди уште еден важен мост во Киев, потврди градоначалникот Виталиј Кличко. Нападот следувал по повторените напади на Јужниот мост од страна на руски беспилотни летала.
-
Свет 02.10.2026 20:54
Училишта во пламен, солзавец и уапсени на ученичките протести во Франција
Училишта во пламен, солзавец и масовни апсења – ученичките протести во Франција што почнаа поради недостиг од наставници, преполни училници и лоши услови, прераснаа во сериозни немири. Над 400 училишта се затворени, а речиси 2.000 лица се уапсени.
-
Свет 02.10.2026 20:21
Г7 одобри координирано ослободување на 100 милиони барели нафта од стратешките резерви
Лидерите на Г7 договорија координирано ослободување на 100 милиони барели нафта и нафтени деривати од стратешките резерви, преку Меѓународната агенција за енергија, со цел да се намалат цените и да се стабилизира понудата.
-
Свет 02.10.2026 12:33
Протести на средношколците во Франција, затворени над 400 училишта
Повеќе од 400 училишта и други образовни установи во Франција денеска се очекува да останат затворени поради протестите на учениците, кои почнаа поради проблеми во образовниот систем, а на одделни места прераснаа во насилни инциденти.
-
Свет 02.10.2026 11:27
Жестоки руски напади врз Киев
Руските сили ноќеска повторно го нападнаа Киев. Еден човек загинал, а двајца се повредени откако била погодена 25-катница, објавија украински медиуми. Повторно бил ракетиран и јужниот мост во метрополата.
-
Свет 01.10.2026 19:28
Нетанјаху го слави индискиот пилот кој спречил уривањето на авионот на „Флајдубаи“
Од обичен патник до национален херој – Јанив Хајун е еден од четворицата мажи на летот Дубаи-Тел Авив кој успеа да влезе во пилотската кабина, да го совлада напаѓачот и да спаси речиси 180 луѓе.
-
Свет 01.10.2026 16:02
Израел ќе се вклучи во истрагата за инцидентот со летот на „Флајдубаи“
Израел ќе учествува во истрагата за инцидентот со летот на „Флајдубаи“ од Дубаи кон Тел Авив, откако копилотот го нападнал пилотот и, според израелските власти, се обидел да го преземе авионот. Леталото нагло изгубило височина, по што принудно слетало во Саудиска Арабија.
-
Свет 01.10.2026 14:09
Лондон: Силни индикации за иранска вмешаност во инцидентот кај американската база Ферфорд
Велика Британија смета дека Иран имал улога во инцидентот во близина на американската воздухопловна база Ферфорд, кој резултираше со апсење на петмина мажи, кои потоа беа ослободени со кауција.










