11 ученици се повредени, од нив двајца сериозно откако, 15 годишник отвори оган пред средно училиште во западна Турција.
Напаѓачот е приведен, а во рамките на истрагата се приведени и неговите мајка, татко и дедо.
11 ученици се повредени, од нив двајца сериозно откако, 15 годишник отвори оган пред средно училиште во западна Турција.
Напаѓачот е приведен, а во рамките на истрагата се приведени и неговите мајка, татко и дедо.
Заканата од поширока регионална војна на Блискиот Исток станува се пореална. Иран предупредува дека конфликтот може да се прошири, откако Трамп се закани со ескалација доколку Техеран не попушти.
Интензитетот на војната во Украина и натаму висок.
Двајца загинати, а четворица се водат за исчезнати откако силниот тајфун „Дуџуан“ го погоди пацифичкиот брег на Јапонија. Најкритично е подрачјето во близина на Токио, каде одрони затрупаа куќи и блокираа патишта.
Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран се зголемуваат. Иран тврди дека е подготвен за „непријателска агресија“ и оти ќе го брани територијалниот интегритет на земјата.
На маргините во Њујорк, украинскиот претседател Зеленски се сретна со францускиот колега Макрон. Најави средба и со Трамп и порача дека сака американските санкции против Русија да почнат да даваат резултати. За него, приоритет број еден е приближување на мирот и заштита на животите.
Во Њујорк почнува Генералната дебата на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН, во сенка на војните
Изборен удар, политички притисок – но, без оставка. Германскиот канцелар Мерц останува на функцијата, иако неговата демохристијанска ЦДУ доживеа тежок пораз на регионалните избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија.
Припадник на американската Служба за имиграција и царинска контрола рани маж во Остин, Тексас. Инцидентот се случил по проверка на возило, а полицијата не учествувала во операцијата. Мажот е во тешка, но стабилна состојба. Градоначалникот побара полицијата да биде вклучена во истрагата.
Најмалку три лица загинаа, a неколкумина се ранети во пакистански воздушен напад врз североисточен Авганистан.
Нападот следи по смртоносниот удар врз полициски објект во Пакистан, во кој загинаа 16 лица.