Изборен молк во Црна Гора пред вториот круг од претседателските избори. Јаков Милановиќ, кандидатот на движењето Европа и Мило Ѓукановиќ, лидерот на Демократската Партија на Социјалистите синоќа ги одржаа последните конвенции.
-
Свет 01.04.2023 10:37
-
Свет 01.04.2023 10:09
ООН: Ризикот од употреба на нуклеарно оружје е повисок од кога и да е
Ризикот од употреба на нуклеарно оружје е повисок од кога и да е, предупредуваат Обединетите Нации.
-
Свет 01.04.2023 10:05
Вонредна состојба во Арканзас поради торнадо, десетици се повредени
Во Арканзас е прогласена вонредна состојба, откако југот и средниот запад ги зафати торнадо. Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени. Уништени се домови и трговски центри. За време на концрт, покривот на театарот во Илиноис беше уништен.
-
Свет 01.04.2023 09:19
ММФ одобри финансиски пакет од 15,6 милијарди долари за Украина
Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри четиригодишен финансиски пакет за Украина во износ од 15,6 милијарди долари како дел од меѓународниот пакет за поддршка во вкупна вредност од 115 милијарди долари во втората година од руската инвазија, соопшти ММФ.
-
Свет 31.03.2023 14:11
Се урна авион во Пула, има жртви
На аеродромот во Пула се урна мал приватен авион при што загинале две лица. Неофицијално се дознава дека авионот полн со гориво се урнал при полетување.
Во авионот имало маж и жена, се претпоставува дека се од Германија, со оглед на тоа дека авионот бил со германска регистрација.
-
Свет 31.03.2023 14:00
Покренато обвинение против Трамп во случајот со исплата на мито за Сторми Дениелс
23 поротници во судот во Менхетен едногласно одлучија дека 45-тиот американски претседател Доналд Трамп треба да одговара за потплата на порно актерката Сторми Даниелс во замена за медиумски молк за наводната афера кон крајот на претседателската кампања во 2016 година во која ја победи демократка
-
Свет 31.03.2023 12:24
Турција го одобри барањето, Финска влегува во НАТО
Турција даде согласност за прием на Финска во НАТО алијансата. Големо мнозинство во турскиот парламент гласаше „за“. Остануваат уште само неколку формалности по што Финска ќе стане 31-ва членка на НАТО.
-
Свет 31.03.2023 10:11
ЕУ ја осуди Москва за непочитување на слободата на медиумите
Шефот на европската дипломатија, Борел, рече дека Европската Унија го осудува затворањето на американскиот новинар Гершкович во Русија под обвинение за шпионажа. Според него новинарите треба да можат слободно да ја вршат својата професија и заслужуваат да бидат заштитени.
-
Свет 31.03.2023 10:02
Путин го потпиша декретот за рутинска пролетна регрутација
Рускиот претседател, Путин, потпиша декрет за воспоставување рутинска пролетна регрутација и повикување на 147.000 граѓани на задолжителна воена служба.
-
Свет 31.03.2023 09:58
Украинската војска тврди дека e подобрена ситуација кај Бахмут
Украинската војска соопшти дека нејзините единици одбиле речиси 50 руски напади во источниот регион Доњецк, во текот на изминатиот ден. Руското гранатирање беше насочено кон градот Бахмут, Авдијивка и Маријинка во Доњецк и Купјанск во регионот Харков.









