Почна со работа првиот космодром за лансирање сателити на копното на ЕУ во северна Шведска. Унијата ќе стане поприсутна во вселената и поконкурентна за новите технологии, што ќе придонесат за економскиот раст, за поголема безбедност и за справувањето со последиците од климатските промени.
-
Свет 13.01.2023 15:30
-
Свет 13.01.2023 14:50
Претседателски избори во Чешка
Повеќе од осум милиони Чеси денеска и утре гласаат на третите директни избори за претседател на државата. Од осум кандидати, само тројца фаворити имаат реални шанси да ги освојат гласовите на чешките граѓани кои масовно се обложуваат за исходот.
-
Свет 13.01.2023 14:49
Торнадо во САД, најмалку седум загинати
Најмалку седум лица загинаа, а неколкумина се повредени во налет на торнадо што го зафати централниот дел на американската сојузна држава Алабама. Силниот ветер го прекинаа снабдувањето со електрична енергија на десетици илјади луѓе. Се проценува дека околу 40 домови се уништени или оштетени.
-
Свет 13.01.2023 14:35
Русија тврди дека презела контрола врз Соледар
Руските сили објавија дека презеле контрола врз Соледар. Заземањето станало возможно поради постојаните огнени напади од копно и од воздух, ракетни трупи и артилерија.
-
Свет 13.01.2023 12:56
Битки во Соледар, двете страни не се предаваат
Жестоки битки во Соледар. И двете страни во руско-украинскиот конфликт велат дека го освоиле градот. Војската е сведок на постојани истрели од периферијата кон патот и експлозии на хоризонтот на околните обработливи површини.
-
Свет 13.01.2023 09:38
Голема полициска акција против организирани криминални групи
Полициски и судски власти од Германија, Србија, Кипар и од Бугарија, поддржани од Европол и Евроџаст, презеле акција против организирани криминални групи вклучени во онлајн инвестициска измама.
-
Свет 13.01.2023 09:37
Амонијак истече од цистерна кај Панчево
Едно лице е хоспитализирано поради истекување на амонијак од цистерна кај Панчево. Инцидентот се случил пред полноќ при што биле итно евакуирани жителите од околу десет куќи кои се наоѓале во непосредна близина.
Властите тврдат дека веќе нема опасност за граѓаните.
-
Свет 13.01.2023 09:26
Избодени тројца полицајци во Будимпешта, едниот починал
Маж избодел тројца полицајци во Будимпешта, а еден од полицајците подоцна починал во болница. Осомничениот се обидел да влезе во стан кога била повикана полицијата.
-
Свет 13.01.2023 09:25
Битките сконцентрирани во Соледар и Бахмут
Жестоки битки во Соледар и околу Бахмут. Украинските сили во источниот град Соледар ги држат своите позиции и им нанесуваат значителни загуби на руските војници, изјави синоќа во видеообраќање претседателот на Украина, Владимир Зеленски.
-
Свет 12.01.2023 20:03
Летовите во САД се враќаат во нормала
Американските авиокомпании очекуваат денеска да се вратат во целосно нормален ритам на работа по вчерашниот дефект во компјутерскиот систем за следење летови, додека Федералната управа за авијација продолжува да ги истражува причините за падот на системот.










