Во Соледар се води најжестоката битка од почетокот на војната во Украина. Москва објави дека освоила голем дел и од соседниот град Бахмут. Властите на Киев ја опишаа состојбата како многу тешка и најавија дека испраќаат засилување во надеж дека ќе си ги вратат загубените територии.
-
Свет 12.01.2023 12:08
-
Свет 12.01.2023 11:52
Шоле во Белград, француско-германскиот план за Косово една од темите на разговорите со српските власти
Советникот во американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, ја продолжува посетата на Западен Балкан со разговори во Белград со највисоките претставници на српските власти. Предвидени се средби со српскиот претседател Вучиќ, премиерката Брнабиќ и шефот на српската дипломатија Дачиќ.
-
Свет 12.01.2023 09:55
Продолжува чистката на Путин
Нов врховен командант на руските сили е Валериј Герасимов кој досега ја извршуваше функцијата началник на руските вооружени сили. Тој доаѓа на местото на Сергеј Суровикин, кој ги надгледуваше бруталните напади на Москва врз енергетската инфраструктура на Украина.
-
Свет 12.01.2023 09:54
Исламска држава одговорна за нападот во Кабул
Милитантната група Исламска држава, ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад пред Министерството за надворешни работи во Кабул, во кој загинале најмалку пет лица, а 40 биле ранети.
-
Свет 12.01.2023 09:49
Зајакнување на безбедносната соработка со Јапонија
САД и Јапонија најавија нови иницијативи за зајакнување на безбедносната соработка и покрај заканите од Кина и Северна Кореја во услови на зголемени тензии во регионот на Пацификот.
-
Свет 11.01.2023 20:25
ЕУ го осуди политичкото насилство во Бразил
Високиот претставник за надворешна политика Жозеп Борел во име на Европската унија ги осуди „шокантните акти на политичко насилство и неприфатливиот напад врз демократијата” во Бразил и изрази солидарност со бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и бразилските институции во одбрана на
-
Свет 11.01.2023 18:16
Евакуирани десетици илјади лица во Калифорнија
Најмалку 17 лица загинаа во невремето во Калифорнија. Десетици илјади се евакуирани. Над 50% од 58-те окрузи се прогласени за зони на катастрофа.
Поројните дождови предизвикаа големи поплави. Прекини се пријавени во сообраќајот и во снабдувањето со електрична енергија.
-
Свет 11.01.2023 18:09
СЗО: Кина и натаму не дава точни податоци за бројот на починати од Ковид-19
Кина и натаму го намалува бројот на смртни случаи од Ковид-19, но споделува со нас повеќе информации за епидемијата на коронавирусот во земјата, изјави денеска шефот на техничкиот сектор на Светската здравствена организација (СЗО) за ковид-19 Марија Ван Керхове.
-
Свет 11.01.2023 17:44
Русија: ЕУ станува вазал на НАТО
Русија денеска оцени дека Европска Унија станала вазал на НАТО, алудирајќи на нивната заедничка декларација за зајакнување на соработката поради војната во Украина.
-
Свет 11.01.2023 15:21
Колапс на авиосообраќајот во САД
Привремен прекин на сите домашни летови во Соединетите Држави поради дефект во компјутерскиот систем на Федералната управа за авијација.
Издадено е предупредување за пилотите за потенцијални опасности на летовите.










