Светската банка денеска ги намали прогнозите за раст за 2023-та година на ниво кое е на работ на рецесија за многу земји, наведувајќи го влијанието на засилените зголемувања на каматните стапки, продолжувањето на војната во Украина и колапсот на главните мотори на глобалниот економскиот раст.
-
Свет 10.01.2023 20:41
-
Свет 10.01.2023 20:06
Шефицата на германската дипломатија во ненадејна посета на Харков
Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска престојуваше во ненадејна посета на Харков, во североисточниот дел на Украина.
-
Свет 10.01.2023 17:14
Продемократски митинзи низ Бразил
Продемократски митинзи низ Бразил како одговор на насилните протести на симпатизерите на екстремната десница. Бараат затворска казна за поддржувачите на екс-претседателот Болсонаро кои ги демолираа владините институции, вклучувајќи ги Врховниот суд, Конгресот, претседателската палата.
-
Свет 10.01.2023 14:07
Руските сили ги засилија нападите врз Соледар во источна Украина
Руските сили ги засилија нападите врз Соледар во источна Украина. Се верува дека контролата над индустрискиот град познат по ископите на сол е клучна за руската операција и заземањето на цела Доњецка област.
-
Свет 10.01.2023 13:57
ЕУ и НАТО потпишаа декларација за соработка
ЕУ и НАТО потпишаа декларацијата за соработка во време на загрозена европска безбедност поради војната во Украина. Тоа е причина да се забрза пристапниот процес со кандидатите од Западниот Балкан, рече првиот човек на Европскиот совет.
-
Свет 10.01.2023 12:19
Неуспешен обид за лансирање ракета во орбитата
Неуспешен првиот обид на Велика Британија да лансира сопствена ракета во земјината орбита.
-
Свет 10.01.2023 11:43
Истрага за нередите во Сао Паоло
Продемократски митинзи низ Бразил како одговор на насилните протести на симпатизерите на екстремната десница. Бараат затворска казна за поддржувачите на екс-претседателот Болсонаро кои ги демолираа владините институции, вклучувајќи ги Врховниот суд, Конгресот, претседателската палата.
-
Свет 10.01.2023 10:23
Земјотрес во Турција, почувствуван и во Грција
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала утрово во 10.38 часот по локално време ја погоди Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
-
Свет 10.01.2023 10:04
Евакуација поради дождови и свлечишта
Евакуација во Монтесито, Калифорнија, поради поројните дождови и свлечиштата. Блокиран е поголем дел од патната инфраструктура откако се излеаја неколку големи реки.
Калифорнија во периодов е на удар на серија жестоки бури.
-
Свет 10.01.2023 10:03
Потенцијално доверливи документи пронајдени во приватната канцеларија на Бајден
Американското Министерство за правда разгледува потенцијално доверливи документи пронајдени во поранешната канцеларија на Џозеф Бајден кога беше потпретседател на САД. Во истрагата е вклучено и Федералното истражно биро.










