Силен земјотрес ја потресе Херцеговина околу 21 часот. Епицентарот бил со јачина од 4,4 степени бил на 20 километри од Столац.
Според информациите, засега нема извештаи за евентуална штета.
Силен земјотрес ја потресе Херцеговина околу 21 часот. Епицентарот бил со јачина од 4,4 степени бил на 20 километри од Столац.
Според информациите, засега нема извештаи за евентуална штета.
Рускиот претседател Путин му рекол на германскиот канцелар Шолц дека масовните напади на Русија врз енергетската инфраструктура на Украина се неопходни и неизбежни, како одговор на „провокациите на Киев“ против цивилната инфраструктура во Русија.
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека повеќе од 1.300 украинци се ослободени од руско заробеништво од 24-ти февруари, кога започна војната. Во видео-обраќање рече дека уште 50 украинци биле донесени дома од руско заробеништво, со ветување дека ќе ги вратат сите други.
Откако настапи со остар речник, бесен на Европската унија и дециден дека Србија нема да учествува на самитот на ЕУ и Западен Балкан на 6-ти декември во Тирана, српскиот претседател Вучиќ омекна во ставовите.
Полска се согласи со договорот на Европската унија за ограничување на цената на морската нафта од 60 долари за барел за Русија, изјави денеска полскиот амбасадор во ЕУ Анджеј Садош.
Следната недела, Холандија ќе се согласи Романија и Хрватска да се приклучат на Шенген зоната, но ќе го блокира приемот на Бугарија, објави Холандската радиодифузна корпорација.
Бугарскиот претседател Радев, првиот мандат за формирање влада ќе го врачи на ГЕРБ-СДС во понеделник.
Од ГЕРБ-СДС веќе најавија дека се подготвени да презентираат владин состав.
Србија ќе го бојкотира Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тирана. Одлуката на официјален Белград следува откако Брисел не го осуди именувањето на Ненад Рашиќ за министер во Владата на Косово, кое според Србија, е спротивно на Бриселскиот договор, но и на волјата на народот.
Мандатарот за состав на новата израелска влада, Нетанјаху, потпиша договор за коалиција со крајната десница, а потоа ќе ги забрза преговорите со ултраортодоксните партии за новиот кабинет.
Американскиот апелациски суд во Атланта, го поништи судското назначување на независен арбитер за проверка на документите кои ФБИ ги заплени од домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во Флорида.