Полицијата во Шангај им ги проверува мобилните телефони на граѓаните и ги брише фотографиите од протестите по смртоносниот пожар во Урумчи.
Демонстрантите тврдат - станарите не смееле да побегнат поради мерките за ковид.
Полицијата во Шангај им ги проверува мобилните телефони на граѓаните и ги брише фотографиите од протестите по смртоносниот пожар во Урумчи.
Демонстрантите тврдат - станарите не смееле да побегнат поради мерките за ковид.
Словенците изгласаа закон за деполитизација на јавната телевизија.
Владата и Парламентот веќе нема да имаат право да назначуваат функционери, а телевизијата ќе биде ставена под надзор на граѓански групи.
Медиумската клима се влоши во мандатот на конзервативниот лидер Јанша.
Украинскиот претседател Зеленски предупреди дека Русија „планира нови напади“ врз неговата земја. Ги повика одбранбените сили и граѓаните да бидат подготвени да издржат нова недела на оптоварување на електричната мрежа во услови на крајно ниски температури.
Немири во европската престолнина по победата на Мароко над Белгија, на Светското првенство во Катар. Десетици фудбалски навивачи во Брисел ги нападнаа редарските служби и урбаната опрема во градот. Фудбалските навивачи кршеле излози, користеле пиротехника и палеле возила.
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Босна и Херцеговина. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на потресот бил северно од Зеница на длабочина од два километри.
Стотици навивачи на Мароко излегоа на улиците на главниот град на Белгија за да ја прослават победата на својата репрезентација на светското првенство.
Еден загинат и четворица повредени во пукање во универзитет во Талахаси. Инцидентот се случил за време на натпревар во кошарка.Од студентите било побарано да се засолнат од вооружен стрелец во кампусот.
Снабдувањето со електрична и топлинска енергија и со вода во украинската престолнина речиси се враќа во нормала. Илјадници украински домаќинства и натаму се засегнати, поради воведените рестрикции низ целата држава. Во Киев се очекува обилен снег и температури под нулата.
Расте тензијата во Кина поради тешката политика на нулта – ковид за битка против пандемијата.
Сирени за напади се огласија во неколку украински региони. Во Донбас борбите не престануваат, додека во Херсон на југ почна евакуација на жителите на повик на украинската влада, поради оштетување на инфраструктурата.