• Свет 22.01.2023 15:11

    Загинати во Сирија

    Десетина лица загинаа при уривање на зграда во Алепо, Сирија. Спасувачите ги пребаруваат урнатините за да најдат преживеани под објектот во кој живееле триесетина лица.

    Темелите на зградата биле ослабнати поради истечена вода.

  • Свет 22.01.2023 13:50

    Лунарна Нова година во Кина

    Лунарната Нова година во Кина прославена без мерки против Ковид-19. Покрај традиционалните манифестации во рамки на пролетниот фестивал, имаше и големи семејни собири низ земјата.

  • Свет 22.01.2023 13:48

    Над 100 илјади луѓе протестираат против Владата на Нетанјаху

    Протести против новата Влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и планот за реформа на правосудството. Коалицијата ја сметаат за најдесничарска во историјата на земјата.

  • Свет 22.01.2023 12:38

    Француско-германски самит

    Министерски состанок меѓу Франција и Германија во Париз на 60-годишнината од Елисејскиот договор кој ги смири соседите и некогашните непријатели. Во фокусот на агендата на двете рунди разговори на Сорбона – војната во Украина, економијата, одбраната и европската политика.

  • Свет 22.01.2023 10:48

    Дански ултрадесничар запали примерок од Куранот во Стокхолм

    Расмус Палудан, лидер на данската ултрадесничарска партија „Цврст курс“ запали примерок од Куранот пред турската амбасада во Стокхолм. Во полициски извештај е наведено дека му било дозволено да одржи протест.

  • Свет 22.01.2023 10:45

    Хипкинс назначен за нов премиер

    Владејачката лабуристичка партија официјално го прогласи Крис Хипкинс за нов премиер на Нов Зеланд.

  • Свет 22.01.2023 10:42

    Насилни протести по убиството на активистот за животна средина

    Насилни протести во Атланта поради смртта на еко-активистот кој загина неделава откако властите изјавија дека 26-годишникот застрелал државен офицер.

  • Свет 22.01.2023 10:39

    Мачу Пикчу е затворен за туристи поради протести

    Познатиот туристички локалитет Мачу Пикчу затворен на неодредено време поради антивладините протести. Стотици луѓе во Перу се заглавени во подножјето на локацијата поради блокада на железницата која сообраќа до тврдината на Инките од 15 век на Андите.

  • Свет 22.01.2023 10:34

    Пронајдени нови доверливи документи во домот на Бајден

    Американското министерство за правда откри неколку доверливи документи при претрес во куќата на американскиот претседател Џозеф Бајден во градот Вилмингтон, Делавер.

  • Свет 22.01.2023 10:28

    Француско-германски самит

    Министерски состанок меѓу Франција и Германија во Париз на 60-годишнината од Елисејскиот договор кој ги смири соседите и некогашните непријатели.

Pages