Ер Франс откажува 55 насто од летовите на кратки и средни дестинации и 10 проценти од летовите на долги релации поради штрајкот на француските контролори на летање.
-
Свет 16.09.2022 10:18
-
Свет 16.09.2022 10:18
Киргистан и Таџикистан се договорија да ги прекинат судирите
Претставниците на Киргистан и Таџикистан се договорија да ги прекинат судирите на заедничката граница додека траат преговорите меѓу двете страни.
-
Свет 16.09.2022 10:17
Зеленски: Русија употребила 3.800 проектили
Русија употребила повеќе од 3.800 проектили против Украина, вели претседателот Зеленски. Според него, глобалната безбедност зависи од заштитата на Украина од руски ракети и дека само поддршката со оружје, муниција и финансии ќе донесе крај на војната.
-
Свет 15.09.2022 19:47
Швајцарскиот парламент одобри набавка на 36 борбени авиони „Ф-35А“
Швајцарскиот парламент даде одобрение за купување 36 борбени авиони „Ф-35А“ од американско производство на авиокомпанијата „Локид Мартин“.
-
Свет 15.09.2022 14:31
Ковчегот со телото на кралицата Елизабета во Вестминстер до понеделник
Ковчегот на покојната Кралица Елизабета за последен пат ја напушти Бакингемската палата со кочија. Свечената поворка помина низ улиците на Лондон обложени со знамиња.
-
Свет 15.09.2022 12:16
Се истражуваат причините за сообраќајната несреќа на Зеленски
Украинскиот претседател Зеленски преживеа сообраќајна несреќа во Киев и нема повреди. Неговиот портпарол Никифоров изјави дека неговиот автомобил бил удрен од друго возило. Во тек е истрага. Во посета на Киев, трет пат од почетокот на војната, е и претседателката на Еврокомисијата Фон дер Лајен.
-
Свет 15.09.2022 11:38
Во Кина евакуирани над еден милион луѓе поради тајфунот Муифа
Тајфунот „Муифа“ стигна на источниот брег на Кина. Поради ветриштата и поројните дождови се евакуирани над милион лица. Во Шангај се откажуваат летови.
Властите не соопштуваат за жртви, повредени или материјална штета поради преземените превентивни мерки.
-
Свет 15.09.2022 09:48
Премиерката Андерсон го призна поразот на парламентарните избори
Десничарите во Шведска формираат Влада, левичарската премиерка поднесува оставка. Досегашниот шеф на владиниот кабинет од редовите на социјалдемократите Магдалена Андерсон го призна поразот на парламентарните избори одржани во неделата.
-
Свет 15.09.2022 09:48
Ереван: Договорен е нов прекин на огнот со Баку
Ерменија и Азербејџан договорија нов прекин на огнот – тврди висок ерменски функционер. Армен Грироријан, секретар на Советот за безбедност на Ерменија, најави дека примирјето почнало вчера во 20 часот.
-
Свет 15.09.2022 09:47
Зеленски преживеа сообраќајна несреќа
Украинскиот претседател Зеленски преживеа сообраќајна несреќа во Киев и нема повреди. Неговиот портпарол Никифоров изјави дека неговиот автомобил бил удрен од друго возило. Во тек е истрага. Продолжуваат битките на терен.










