Генералниот секретар на ОН, Гутереш, викендов во посета на Пакистан. Земјата со месеци се справува со поројни монсунски дождови и поплави кои усмртија над 1300 лица, а раселија милиони. Во невремето се повредени речиси 13 илјади луѓе.
-
Свет 11.09.2022 10:05
-
Свет 11.09.2022 10:02
Русите се повлекуваат од Изјум
Руските трупи се повлекуваат од Изјум во Харковската покраина, главното упориште на фронтот во североисточна Украина поради напредокот на непријателските сили кои успеаја да им го прекинат каналот на снабдување.
-
Свет 11.09.2022 10:00
Бајден ја продолжи вонредната состојба поради тероризам уште една година
Американскиот претседател Џо Бајден ја продолжи за уште една година вонредната состојба, воведена на 14 септември 2001 година, по терористичките напади врз Њујорк, Пентагон и Пенсилванија. Од Белата куќа нагласија дека сè уште постои закана од вакви напади.
-
Свет 10.09.2022 18:38
Нова регионална економска иницијатива за Индо-пацификот
Јапонија, САД и 12 други земји започнаа разговори за нова регионална економска иницијатива за Индо-пацификот.
-
Свет 10.09.2022 14:59
Чарлс Трети и официјално прогласен за нов британски монарх
Чарлс Трети официјално прогласен за крал на Обединетото Кралство на церемонијата пред Пристапниот совет во палатата на Сент Џејмс во Лондон.
-
Свет 10.09.2022 14:32
Данска погодена од енергетската криза
Данска веќе е погодена од енергетската криза. Данците се предупредуваат дека оваа зима ќе биде постудена и потемна поради штедењето на струјата.
-
Свет 10.09.2022 10:06
ОН го повика Пјонгјанг на дијалог
Обединетите нации ја повика Северна Кореја да продолжи со дијалогот со клучните страни за да се постигне одржлив мир и целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
-
Свет 10.09.2022 09:57
Зеленски: Ослободивме 30 населби
Украинската војска во контраофанзива во Харков. Претседателот Зеленски тврди дека се ослободени 30 населби.
-
Свет 10.09.2022 09:51
Жртви и повредени во железничка несреќа во Хрватска
Жртви во судир меѓу патнички и товарен воз во близина на Новска, Хрватска. Меѓу повредените има и странски државјани. Според првите неофицијални информации, загинале машиновозачот и кондуктерот.
-
Свет 10.09.2022 09:49
Официјално прогласување на британскиот крал Чарлс Трети
Од денеска Чарлс Трети официјално ја презема кралската функција. Церемонијата ќе се одржи во палатата Сент Џејмс во Лондон. Според протоколот, прво се прогласува смртта на Кралицата Елизабета, а потоа новиот британски монарх ја презема должноста.










