Светот никогаш не бил во подобра позиција да стави крај на пандемијата на Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус и ги повика земјите да истраат во борбата против вирусот од кој починаа повеќе од шест милиони луѓе.
-
Свет 14.09.2022 19:18
-
Свет 14.09.2022 14:07
Редици луѓе чекаат да оддадат почит на кралицата Елизабета
Кралот Чарлс трети пристигна во Бакингемската палата, неколку часа пред ковчегот на кралицата Елизабета Втора да ја напушти палатата за последен пат.
-
Свет 14.09.2022 12:16
Украина постигнува значителен напредок, Русија ќе се бори до последната цел
Украинската војска враќа се поголем дел од територијата која ја презедоа руските сили. Москва не се откажува од воената операција, ќе се бори до последната цел. Продолжуваат и битките околу нуклеарната централа во Запорожје. Војната е тема и на меѓуверската конференција во Казахстан.
-
Свет 14.09.2022 11:35
Погранична вооружена пресметка со Таџикистан
Вооружена пресметка меѓу киргистанските и таџикистанските граничари. Загина еден, а повредени се двајца граничари на Таџикистан.
Конфликтот бил предизвикан откако киргистанските ги обвиниле таџикистанските колеги за заземање на позиција на дел од кој не е демаркиран.
-
Свет 14.09.2022 11:33
Израелската војска апси лица осомничени за тероризам
Двајца уапсени во операцијата на израелската војска на Западен Брег. Осомничени се за тероризам.
Проверките и рациите зачестија по серијата напади против Израелците во кои загинаа 19 лица.
Во последниве неколку месеци, судирите меѓу војската и Палестинците беа смртоносни.
-
Свет 14.09.2022 11:33
Нови судири на границата со Ерменија
Азербејџан и Ерменија ги обновија судирите, ден откако речиси 100 војници загинаа во најсмртоносните борби меѓу бившите Советски републики од 2020 година.
Двете страни загубија околу 50-тина армиски припадници. Ереван и Баку меѓусебно се обвинуваат за најновите инциденти.
-
Свет 14.09.2022 11:18
Фон дер Лајен: Народите на Западен Балкан, Молдавија, Грузија и Украина се иднината на ЕУ
„Вие сте иднината на нашата Унија“, им порача Урсула фон дер Лајен на народите од Молдавија, Украина и земјите од Западен Балкан-кандидати за членство во ЕУ, за време на нејзиниот говор за состојбата на Унијата, при што и оддаде голема почит на храброста на Украина во отпорот на нејзиниот народ н
-
Свет 14.09.2022 09:46
Предлог за кризни мерки за спречување на скокот на цената на енергијата
Европската унија со план за намалување на скокот на цените на енергијата за да се заштитат граѓаните и бизнисите.
-
Свет 14.09.2022 09:39
Ковчегот со телото на кралицата Елизабета е во Лондон
Ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора е пренесен од Единбург во Бакингемската палата. Денеска почит ѝ се оддава во парламентот во Вестминстер каде што ќе остане четири дена.
-
Свет 14.09.2022 09:38
Зеленски: Се стабилизира ситуацијата на повторно заземените области
„Во тек е стабилизација на ослободените области“, изјави украинскиот претседател Зеленски. Руските сили се повлекоа од стотици градови и населени места во североисточниот дел на земјата.










