• Свет 04.05.2022 09:54

    „Фајзер“ со годишен приход од 54 милијарди долари

    „Фајзер“ ги потврди проценките за годишните приходи од вакцината и таблетите против Ковид-19, за првпат откако се пуштени во продажба.

    Компанијата соопшти дека годинава очекува 22 милијарди долари од продажбата на антивирусните апчиња „Паксловид“.

  • Свет 04.05.2022 09:43

    Северна Кореја лансира „неидентификуван проектил“

    Северна Кореја истрела „неидентификуван проектил“ од крајбрежниот појас кон морето во источна насока.

  • Свет 04.05.2022 09:09

    Евакуација на цивили од Мариупол

    Над 150 луѓе евакуирани од опколениот Мариупол, безбедно пристигнаа во Запорожје. Евакуацијата од Азовстал успешна, конечно го имаме резултатот од нашата операција – оцени украинскиот претседател Зеленски.

  • Свет 03.05.2022 19:56

    Шолц: Шведска и Финска можат да сметаат на германската поддршка за влез во НАТО

    Иако сè уште не е докрај решено, сепак постојаните воени вежби со алијансата и блиската разузнавачка политика, наведуваат дека Стокхолм и Хелсинки се 31-та и 32-та членка на НАТО. Украина беше чкрапецот којашто ја пренасочи безбедносната политика на двете скандинавски држави.

  • Свет 03.05.2022 16:35

    Уапсени четворица тинејџери поради пожар

    Британската полиција уапси четворица тинејџери, по пожар во поранешна училишна зграда во Хаслемер.

    Објектот бил празен. Уапсени се 14-годишно девојче, двајца нејзини врсници, како и момче на 15-годишна возраст.

    Осомничени се за намерно предизвикување пожар.

     

  • Свет 03.05.2022 16:34

    Полицијата приведува демонстранти

    Група ерменски опозициски активисти ги блокираа централните улици на Ереван барајќи оставка на премиерот Никола Pашинјан.

    Специјалните сили на полицијата приведуваат демонстранти .

    Еден од најзначајните плоштади на Ереван е блокиран, поради што има голем сообраќаен метеж.

  • Свет 03.05.2022 15:16

    СЗО: Повеќето возрасни луѓе се со прекумерна тежина

    Повеќе од половина од возрасните во Европа се со прекумерна тежина, според Светската здравствена организација.

  • Свет 03.05.2022 12:31

    Нова офанзива на руските сили на истокот

    Во тек е нова сеопфатна офанзива на руските сили на истокот. Регистрирани се серија напади низ целата линија на фронтот. Во гранатирањето на Угледар во Доњецката област загинаа најмалку тројца цивили. Бомбардиран и пристанишниот град Одеса. Погодена станбена зграда и црква.

  • Свет 03.05.2022 12:21

    Протекување на документ за абортус предизвика протести во САД

    Америка на нозе откако протекоа документи од Врховниот суд каде што наводно се заговара укинување на абортусот. Во Вашигтон, масовни протести на противниците на укинувањето на пресудата „Ро против Вејд“ донесена во 73-та година од минатиот век, со која се легализираше абортусот.

  • Свет 03.05.2022 09:40

    Зеленски: Москава ги заборави лекциите од Втората Светска војна

    „Москва ги заборавила лекциите од Втората Светска војна“-украинскиот претседател Зеленски со силна осуда за изјавата на рускиот министер за надворешни работи, Лавров дека Хитлер имал и еврејска крв.

Pages