Аун Сан Су Чи, 76-годишната нобеловка и поранешна лидерка на Мјанмар доби 5-годишна затворска казна. Судот, со кој владее војската ја прогласи за виновна поради корупција.
Обвинета е за голем број кривични дела, вклучително и измама на гласачите.

Руски „Газпром“ ја стопира испораката за Бугарија и Полска.Властите во Софија тврдат дека тие целосно ги исполниле своите обврски и плаќања кон Русија, согласно постоечкиот договор кој истекува во декември годинава, но и покрај тоа добиле известување дека ќе бидат суспендирани.
Жестоки битки во Донбас. Областа е под силен оган уште од почетокот на руско-украинската војна. Во третиот месец и втората етапа од судирот, силите под команда на Москва се фокусираат на јужниот и источниот дел на Украина.
Русија ја прекина испораката на гас за Полска, пренесува порталот Онет, повикувајќи се на неофицијални информации од владини кругови и енергетската компанија PGNiG.
Како што се наведува, формиран е кризен штаб во Министерството за климатски прашања.
Самопрогласениот независен молдавски регион Придњестровје го зголеми нивото на закана од тероризам поради опасност од вакви напади и проширување на конфликтот од Украина.
Рускиот министер за надворешни работи Лавров ја обвини Украина дека провоцира трета светска војна. Предупреди дека заканата од нуклеарен конфликт не би требала да се потцени. Рече дека НАТО е во своевидна војна со Русија зашто ја снабдува Украина со оружје.
Главниот град на Кина бележи се поголем број на заразени со коронавирус.
Властите во Пекинг наредија 3,5 милиони жители во најголемиот кварт Чаојанг да спроведат тестирања. Повеќе од десетина станбени згради во Чаојанг, амбасади и меѓународни бизниси, се затворени.
Финска и Шведска планираат во исто време во мај да објават дека сакаат да се придружат на НАТО.
Рускиот министер за надворешни работи Лавров ја обвини Украина дека провоцира трета светска војна. Предупреди дека заканата од нуклеарен конфликт не би требала да се потцени. Рече дека НАТО е во своевидна војна со Русија зашто ја снабдува Украина со оружје.
„Твитер“ ја прифати понудата на Илон Маск од 44 милијарди долари. Постигнат е дефинитивен купопродажен договор.