Поради дојави за бомби, евакуирани дваесетина средни училишта во Белград. Полицијата провери неколку објекти и утврди дека станува збор за лажни дојави.
„Проверките продолжуваат“, порачаа од српското МВР.
Поради дојави за бомби, евакуирани дваесетина средни училишта во Белград. Полицијата провери неколку објекти и утврди дека станува збор за лажни дојави.
„Проверките продолжуваат“, порачаа од српското МВР.
Украина очекува час поскоро да ги евакуира цивилите и борците од фабриката за челик „Азовстал“. 100.000 жители се во смртна опасност велат од Градскиот совет.
Од Кремљ тврдат дека цивилите можат да го напуштат „Азовстал“, а милитантите да го положат оружјето.
Повторно немири во Еруслим, во комплексот на џамијата Ал Акса. Палестинците фрлаа камења, а израелската полиција возврати со гумени куршуми.
Палестинската служба за итни случаи соопшти дека над 40 луѓе се повредени. Од израелската полиција велат дека уапсиле три лица.
Денеска во Пекинг поради ширењето на Kовид-19, затворени се дополнителен број продавници. Станбените блокови се под строги мерки за изолација, училиштата не работат.
На доставувачите на пошта и храна им е забранет влез во некои населби и станбени области.
Владата на Србија ги ограничи цените на основните прехранбени производи на уште 60 дена, додека ограничената просечна цена на евродизелот и евродизел премиум горивото БМБ во големопродажба се зголеми за седум динари.
Продолжуваат битките во Украина. Киев обвинува дека Москва спречува евакуација на ранетите украински борци од фабриката за челик во Мариупол со цел да ги зароби.
Поради високата температура повеќе пожари избувнаа на депонијата во индискиот главен град Њу Делхи.
Од утре се затвораат училиштата во Пекинг за да се спречи ширењето на коронавирусот. Во градот со 21 милион жители во моментот се врши масовно тестирање кое ќе трае до сабота. Главниот град на Кина воведува ограничувања побрзо од многу други покраини.
Бугарскиот премиер Петков во посета на Киев. На средбата со претседателот Зеленски истакната поддршката за Украина од самиот почеток на руската инвазија.
Бугарија е под притисок по последната одлука на Москва да го прекине снабдувањето на природен гас. Засега нема рестрикции во земјата и се бараат решенија за одржување на состојбата под контрола. Делегација од Софија замина за Брисел на разговори во европската комисија.