Британската кралица Елизабета втора е позитивна на коронавирус, објави Бакингемската палата.
95-годишната монархиња, која на 6 февруари прослави 70 години на тронот, има благи симптоми на настинка, и се очекува да ги продолжи обврските во Виндзор, соопштија од палатата.










