Иран сака и понатаму да развива нуклеарни капацитети, но не како вид на оружје туку како енергија, а целта е да се зачува независноста, изјави иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.
-
Свет 17.02.2022 14:11
-
Свет 17.02.2022 10:55
Москва ги зајакнува своите позиции на границата
Додека лидерите на ЕУ во Брисел разговараа за украинската криза, Москва ги зајакнува своите позиции на границата, предупреди Вашингтон. Според американски висок функционер биле испратени дополнителни 7 илјади војници, наспроти тврдењата на Кремљ за повлекување на трупите.
-
Свет 17.02.2022 09:13
Лидерите на Европската унија ќе разговараат за украинската криза
Лидерите на Европската унија денеска на состанок. Ќе разговараат за зголемувањето на руските војници на украинската граница.
Вонредниот состанокот ќе се одржи непосредно пред почетокот на долго планираниот самит ЕУ-Африка и нема да има официјални заклучоци.
-
Свет 17.02.2022 09:02
Џамбаски со нацистички поздрав во Европарламентот
Инцидент во Европскиот парламент. Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски откако во текот на дебатата за пресудата на Европскиот суд на правдата со која се критикува владеењето на правото во Унгарија и Полска, отпоздрави со нацистички поздрав и ја напушти салата.
-
Свет 17.02.2022 08:41
Расте бројот на жртви од поплавите и свлечиштата
Бројот на жртви од разорните свлечишта и поплави во планинскиот град Петрополис достигна 78. Стотици луѓе останаа без покрив над главите. Од под урнатините се спасени 21 лице.
-
Свет 16.02.2022 14:20
Ново судење за Навални
Ново судско рочиште на рускиот опозициски лидер Навални во затвор каде што отслужува двегодишна затворска казна.
Против него се покренати нови обвиненија за измама, поточно за кражба на 4,7 милиони долари за неговите политички организации.
-
Свет 16.02.2022 14:16
Шамхани: Ќе преговараме само за нуклеарниот договор
Иран нема да има други преговори освен нуклеарни со САД и со Европа.
-
Свет 16.02.2022 14:09
Во Јапонија рекордна смртност, Германија укинува мерки
Јапонија регистрира најголем број на смртни случаи од ковид-19 од почетокот на пандемијата иако е забележан пад на бројот на новозаразени со сојот Омикрон.
-
Свет 16.02.2022 11:27
Заканата од инвазија останува, потребни се докази за повлекување на војската
Она од што цел свет се плашеше дека ноќта на 16-ти февруари, руските сили ќе извршат напад врз Украина, не се случи.
-
Свет 16.02.2022 09:53
Поплави и свлечишта во Бразил, најмалку 18 жртви
Најмалку 18 лица загинаа во свлечишта и поплави по обилните дождови кои го зафатија планинскиот град Петрополис, на околу 70 километри северно од Рио де Жанеиро.







