Мостот „Амбасадор“, клучна гранична точка меѓу Канада и САД, кој седум дена беше блокиран од демонстрантите против мерките воведени против коронавирусот, повторно е отворен за сообраќај од вчеравечер.
-
Свет 14.02.2022 10:32
-
Свет 11.02.2022 14:01
Највисок скок на инфлацијата од 1982 година
Инфлацијата во САД на рекордно ниво. Потрошувачките цени пораснале за 7,5 насто во јануари во однос на истиот месец пред една година, што е највисокиот годишен скок во изминатите 40 години во земјата.
-
Свет 11.02.2022 13:54
Нема договор по разговорите во Берлин
По 9-часовните преговори во Берлин, советниците за надворешна политика од Германија, Франција, Русија и Украина не успеаја да го оживеат закочениот процес.
-
Свет 10.02.2022 13:15
Сергеј Лавров: Ултиматумите, заканите и предавањата се пат до никаде
Очите на светската јавност вперени кон Источна Европа како никогаш досега. Почнаа десетдневните воени вежби на Русија и на Белорусија во близина на украинската граница. Се проценува дека во нив ќе учествуваат околу 30 илјади војници.
-
Свет 10.02.2022 09:47
Отстранет протестниот камп од пред парламентот на Нов Зеланд
Полицијата приведе 50 лица и го отстрани протестниот камп што беше поставен пред зградата на парламентот на Нов Зеланд.
Граѓаните три дена протестираа во Велингтон против епидемиолошките мерки воведени поради ковид-19 и задолжителната вакцинација.
-
Свет 10.02.2022 09:37
Хрватска нуди 26.500 евра за секој иселеник,само еден се пријавил да се врати во земјта
Откако хрватската влада понуди по 26.500 евра за секој иселеник што ќе се врати во Хрватска, како дел од пакетот демографски мерки, за еден месец се пријавило само едно лице.
-
Свет 09.02.2022 15:04
Иран тестира нова ракета
Иран ја претстави новата ракета со дострел од 1.450 километри. Модифицираниот дизајн за третина ја намалил нејзината тежина во однос на сличните ракети и е за шест пати скратено времето за подготовка за лансирање.
-
Свет 09.02.2022 11:45
СЗО: Половина милион луѓе го изгубија животот како последица на видот Омикрон
Половина милион луѓе во светот починале откако е откриен сојот Омикрон на коронавирус, иако постојат вакцини, велат од СЗО. Според организацијата „во ерата на ефективни вакцини, оваа бројка е повеќе од трагична“.
-
Свет 09.02.2022 11:29
Франција,Полска и Германија ја повикаа Русија да ја деескалира ситуацијата на украинската граница
Челниците на ЕУ треба да постигнат голем број суштински цели, а првата од нив е да се избегне војна. По посетата на Русија и Украина, францускиот претседател Макрон на разговори во Берлин. Франција, Германија и Полска ја повикаа Русија да ја деескалира ситуацијата на украинската граница.
-
Свет 09.02.2022 10:36
Експлозија на плинска боца во Абу Даби
Тимови на цивилната одбрана го изгаснале пожарот кој бил предизвикан од експлозија на плинска боца во зграда во Абу Даби, објави државната агенција.
Во пожарот нема повредени. Експлозијата се случила на улицата Хамдам каде се одржува светското клупско првенство во фудбал.









