Во Виена почнува осмата рунда разговори за обнова на Нуклеарниот пакт. Мешовитата комисија на Иран и петте меѓународни посредници разговараат за шансите за спроведување на договорот во неговата оригинална форма и за враќањето на САД во мултилатералниот договор.
-
Свет 27.12.2021 12:09
-
Свет 27.12.2021 10:27
Над 280 милиони заразени со Омикрон
Студии од Велика Британија и Австралија покажуваат дека Омикрон, кој брзо се шири, може да предизвика поблаг тек на болеста. Меѓу пооптимистичките вести за пандемијата се и доказите дека дополнителните вакцини делуваат против новиот вид, и одобрувањето на првата ковид-таблета.
-
Свет 27.12.2021 09:59
Путин: Ќе размислам за алтерантивни опции доколку Западот не ги исполни барањата на Москва
Рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност за алтернативни опции доколку Западот не ги исполни барањата на Москва за безбедносни гаранции во кои се опфатени и прекин на проширувањето на НАТО кон исток и воена соработка со Украина.
-
Свет 24.12.2021 14:35
Откажани летови поради ширањето на Омикрон, заострени мерки за празниците
Светот и натаму заложник на континуираните мутации на новиот коронавирус. Ковид-19 ги менува новогодишните планови на сите меридијани , Европа повторно меѓу пандемиските жаришта.
-
Свет 24.12.2021 13:46
НАТО Алијансата подготвена за дијалог со Русија
Подготвени сме да седнеме и да разговараме со Русија, но за основните принципи нема компромиси. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за агенцијата ДПА порачува дека нема отстапување од правото на Алијансата да ги брани нејзините сојузници.
-
Свет 24.12.2021 11:35
Четворица повредени во пукотница во Чикаго
Четири лица се повредени при пукотница во мол полн со божиќни купувачи во предградие на Чикаго.
Полицијата успеала да приведе еден од двајцата осомничени мажи кои со огнено оружје пукале во случајни минувачи. Тој е ранет и хоспитализиран.
По вториот напаѓач се уште се трага.
-
Свет 24.12.2021 11:01
Токио се приклучува на бојкотот за ЗОИ во Пекинг
Јапонија објави дека одлучила да не испраќа владина делегација на Зимските олимписки игри во Пекинг.
-
Свет 24.12.2021 10:51
Јужна Кореја: Помилувана поранешната претседателка Парк Гун Хе
Поранешната претседателка Парк Гун- Хе, која отслужува 20-годишна затворска казна за поткуп и други злосторства во Јужна Кореја е помилувана.
-
Свет 24.12.2021 09:36
Столтенберг: Мир е можен, ако сака Русија
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека е подготвен за дијалог со Русија, но јасно стави до знаење дека нема да има компромиси за основните принципи.
И Белата куќа се согласува дека дипломатските разговори се вистинскиот пат напред со Москва.
-
Свет 23.12.2021 16:26
Путин: Бараме гаранции од НАТО
Десетина западни држави ја предупредија Русија за можен напад врз Украина.










